По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан на разговор Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, информираат од МНР.-На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија. Беше истакнато дека ваквите пораки се сериозна провокација за добрососедството кое сакаме да го негуваме. Тие прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика. Она што ни треба во регионот, е обединување околу интеграцијата во ЕУ, мир и економски напредок, се наведува во соопштението од Министерсвото.
Оттаму велат дека апелирале да се прекине со провокациите, да се почитува сувереноста и да се работи на планот на добрососедството, за доброто на сите во Регионот.-На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност