Изјавата на Ерван Фуере дека не постои принципот „победник со победник“, е чиста лага, вели Билјана Ванковска, која вели дека поради поголемиот број пратеници кои ДУИ ги имаше во 2006 година од ДПА, Фуере инсистирал ВМРО-ДПМНЕ да направи влада со ДУИ, а не со ДПА.Фејсбук статус на Билјана Ванковски
-Оваа изјава на Евран Фуере е ЧИСТА ЛАГА! да го потсетам дека во 2006 година, Хелсиншкиот комитет (во чиј Борд членував и јас) излезе со извештај во кој нотираше отворено мешање на ЕУ амбасадорот во формирањето коалициона влада (дотичниов инсистираше дека ДУИ е легитимен претставник на Албанците поради поголемиот број освоени пратенички места и дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да прави коалиција со ДПА). Нашата забелешка беше принципиелна, токму во смисла на тоа дека никаде (ни во устав, ни во закони) не пишува дека треба коалицирање на победник со победник, а дека странците се мешаат во внатрешните работи. Истиот ден Фуере побара средба со наши претставници. Таа непријатна и безобразна средба ја опишав во колумна, објавена во „Фокус“ (тогаш бев нивен колумнист). Ќе потсетам само кратко дека јас и Исо Руси бевме замолени од Најчевска да појдеме на средбата, а таму не’ дочека цел тим соработници и лутиот Фуере. Влезе без да се поздрави, туку веднаш тргна во рафален напад (дека е гневен, лут и незадоволен од нашиот извештај), а јас и Исо разменивме поглед и немо се договоривме дека ќе му одговориме со иста мерка. Исо ми даде предност: и јас почнав со истите зборови на Фуере, велејќи му дека ние сме гневни, лути и незадоволни што странски амбасадор се дрзнува да не’ вика на „рибање“ за независен извештај на една НВО, и тоа без аргументи. По неколку размени, Фуере почна да вика на нас, а Исо му рече: „Јас имам преку 50 години, па дури и во комунизмот не сум дозволил некој од Це-Ка да ме преслушува – нема ни вам да ви дозволам. Билјана, стани, заминуваме!“ И си заминавме додека лицето на Фуере беше жар црвено. Извештајот на Хелсиншки може да се најде на нивната веб-страница, претпоставувам – а и инаку ќе се сложиме дека постројат медиумски записи за тоа време. Навистина, т.н. Мајски договор беше услогласен во 2008, по парламентарната криза која настана поради опструкциите на пратениците на ДУИ. Договорот постигнат со странско посредништво, на англиски јазик, во Клубот на пратеници стана (не)пишан принцип за коалицирање се’ до денес кога „тази дупка не е дупка“ и тој договор веќе не е договор.Фејсбук статус на Билјана Ванковски
-Оваа изјава на Евран Фуере е ЧИСТА ЛАГА! да го потсетам дека во 200