Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот

Зошто би се отворал дијалог за химната? Зошто би се отворал дијалог за знамето? Зошто би се отворал дијалог за грбот? Зошто воопшто би се разговарало за било што од чувствителните точки во кои задираат во идентитетските прашања, доколку СДСМ и Заев немаат ветено дека истите ќе ги менуваат под уцена?, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Затоа Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот само за да се дограби до власт. Затоа ДУИ ја информира јавноста дека и банкнотите ќе бидат двојазични, а ќе се менуваат и униформите на војската и полицијата. Затоа ДУИ ја информира јавност дека Македонија ќе се осуди сама себе за геноцид врз Албанците.
Сето ова ќе биде сторено само Зоран Заев да дојде на власт. Тој и криминогеното раководство на СДСМ се уценети. Нивната ниска точка на топење е проблем за целата држава. Трагедијата е во тоа што не само сегашната туку и сите идни генерации ќе плаќаат за криминалот на Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ.
Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ треба да се свестат и да увидат каква штета предизвикуваат врз државните и националните интереси. Грбот не смее да го сведат на едно евро за Вицето. Знамето не смее да го сведат на криминалот со Цареви кули. Химната не смее да ја сведат на Струмица гас. Идентитетот не тежи исто колку бомбона бизнисот или становите на Радмила Шекеринска.
Неприфатливо е виткањето на кичма со државните и национални интереси.
Соберете храброст и соочете се со македонскиот народ. Извадете ја платформата и срамниот договор на виделина. Нека гласа народот. Наше е да го послушаме.
Доаѓаат локални избори. Разбирлив е стравот што го има СДСМ. Знаат дека платформата од Тирана е катастрофална за Македонија. Затоа кријат што договориле. Сепак судот на народот е последен. Платформата беше наметната по изборите и граѓаните имаат право да се изјаснат.
Доколку СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните, го повикуваме јавно да се откаже од платформата и од реализација на нејзините елементи по што ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако лагите на Зоран Заев беа поразени на изборите.Затоа Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот само за да се дограби до власт. Затоа ДУИ ја информира ја

Пронајдете не на следниве мрежи: