Во реакција на изјавата на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека прифаќањето на платформата од Тирна од страна на СДСМ предизвикува тензии и сериозна загриженост меѓу граѓаните, вклучително и кај членови и гласачи на СДСМ кои се чувствуваат измамени.– Народот е мудар и сфаќа дека Шекеринска и СДСМ го кријат договорот затоа што тој содржи елементи кои се спротивни на националните и државни интереси. Ниедна празна изјава на Радмила Шекеринска нема да ја намали загриженоста на граѓаните за иднината на Република Македонија. Шекеринска го прави и денес тоа што најдобро знае и го практикува две и пол децении, да ја манипулира јавноста за политичка корист, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да си ја омаловажува државата и македонскиот народ кај странски претставници, додава ВМРО-ДПМНЕ, добро е Шекеринска после толку време политиканство да седне и нешто корисно да се обиде да стори за сопствената држава.– Народот е мудар и сфаќа дека Шекеринска и СДСМ го кријат договорот затоа што тој содржи елементи кои се спротивни на националните и државни