СДСМ да се откаже од редефинирање на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ја повика СДСМ да се откаже од, како што се наведува во соопштението, редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултикултурна во бинационална држава.– Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека ќе го поддржи Заев и СДСМ да формираат влада, иако не беа поразени на изборите, стои во соопштението.
Прифаќањето на платформата од Тирана, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е класична уцена, а заради карактерот и алчноста да се дограбат до власт, проценката била дека ваквата уцена може да помине кај Зоран Заев и СДСМ без разлика колку нејзиното прифаќање е штетно за државните и национални интереси.
– СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја плати Република Македонија и македонскиот народ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди на СДСМ и нејзиното раководство да ја отфрлат уцената и платформата од Тирана, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, според нив, треба да го сфати историскиот моментум и да ги отфрли заканите и уцените од надвор, пред кои се наоѓа Македонија, но и самите тие како партија.
– Граѓаните на Македонија очекуваат да проработи совеста кај секој политички субјект, вклучително и кај Заев, во време кога постои сериозна закана по унитарниот и суверениот карактер на државата. Секое редефинирање на државата не им е во прилог ниту на Албанците, ни на Ромите, ни на Бошњаците, ни на Власите, ни на Србите, ни на Турците, а најмалку на Македонците во нашата татковина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.– Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека ќе го поддржи Заев и СДСМ да формираат влада, иако не беа поразени на изборите, стои во соопштени

Пронајдете не на следниве мрежи: