Сдсмовските портали фатени на дело како преку спинувани вести за напад врз девојка од албанска националност подгреваат етнички тензии.Порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски вечерва излезе со текст дека девојка била нападната во центарот на Скопје поради тоа што носела шамија на главата и ваквата вест беше раширена токму во моментите кога граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ имаше граѓански собир на кој се спротивстави на штетните одлуки кои се однесуваат за разградување на унитарноста на државата.
Привидот кој сакаат да го предизвикаат сдсмовските медиуми е дека група националисти нападнале Албанка поради нејзината верска припадност, но вистината е сосема друга.
Ваков настан не се случил во текот на одржувањето на самиот граѓански собир, ниту пак е поврзан со него. Таков инцидент се случил неколку дена порано, иако медиумите на СОРОС и СДСМ за ваков настан јавуваат во моментите кога неколку илјади граѓани се собраа поради штетните одлуки на СДСМ.
Имено, инцидентот се случил на 23-ти, а е пријавен е на 24-ти февруари. Пријавата е дека имало потегнување за рака на девојката која кажала дека тоа било поради тоа што наводно носела шамија.
Токму денеска, медиумите на СДСМ решија да ја објават ваквата вест, давајќи призвук на етничка нетрпеливост поттикната од протестите во кои СДСМ се критикува за разградување на државното граѓанско ткиво.
Порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски вечерва излезе со текст дека девојка била нападната во центарот на Скопје поради тоа што носела шамија на гла