Време е СДСМ да покаже дали е за унитарна и единствена Македонија или е за Македонија скроена по платформата од Тирана. Време е СДСМ да покаже на дело дали љубовта кон татковината е поголема од желбата за власт по секоја цена, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението од СДСМ по повод изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на неговата фејсбук страница и за ТВ Сител.– Доколку СДСМ одлучи да се откаже од платформата од Тирана и ги отфрли непринципиелните уцени за редефинирање на државата, тогаш ќе ја добие поддршката на ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што граѓаните најголемата поддршка на изборите ја дадоа на програмата на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не гласаа за официјализирање на албанскиот јазик, за менување на банкнотите, за претворање на Македонија во бинационална држава, за нејзина кантонизација или федерализација.
– Прифаќањето на плановите за редефинирање на Македонија се очајнички обид на Зоран Заев да ја изигра волјата на народот и да дојде на власт без да победи на избори. ВМРО-ДПМНЕ е свесно за карактерот на Зоран Заев и неговата подготвеност да ја свитка кичмата. Не е прв пат СДСМ да го прави тоа. Во 2004 година беше донесен Законот за територијална поделба само да се дограбат до некој глас повеќе кој би им ја донел функцијата претседател. Последиците ги гледаме и 13 години подоцна. Државните и национални интереси секогаш ни биле и ќе ни бидат пред се. Затоа сме подготвени да ја поддржиме желбата на Заев да формира влада, под услов да се откаже од агендата за разнебитување на државата. Време е целосно да паднат маските, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.– Доколку СДСМ одлучи да се откаже од платформата од Тирана и ги отфрли непринципиелните уцени за редефинирање на државата, тогаш ќе ја добие