По 26 години, Македонија е на прагот да ја загуби независноста. Доколку помине договорот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој го чека мандатот за состав на нова Влада, ќе остане само збогум на Република Македонија.Секојдневно во јавноста излегуваат нови детали околу договорот кој СДСМ го има со ДУИ. Заев е решен по секоја цена да ја распарчи Македонија, прифаќајќи се што е понудено, а со цел доаѓање на власт.
Во разговорите со ДУИ, Заев и СДСМ прифатиле промена на знамето, химната, грбот. Се разговарало во химната освен Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански да се додадат неколку имиња на албански екстремисти и членови на балистичкото движење како Наим Фрешери, Мефаил Зајази или Џемо Хаса. Прифатено е и барањето за дебата за промена на знамето и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничка рамноправност, како што впрочем е наведено во Платформата на албанските партии.
Практично, договорот на Заев е за идентитетска промена на Македонија со која се задираат основните постулати како јазикот, името, знамето, грбот и химната.
Дел од коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ бил и донесување на одлука со која ќе се прогласи сторен геноцид врз Албанците во Македонија, кој наводно се направил помеѓу двете светски војни. Заев прифатил да се осуди геноцидот, на употреба на вооружени сили против цивилно албанско население. Обвинувањето ќе се насочи кон Србите и тогашната српска власт и тие ќе се осудат за геноциден народ.
Како што пред неколку дена портпапролот на ДУИ Бујар Османи објасни го една емисија, договорени се и сите детали за Законот за јазици со кој се официјализира албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, и се руши унитарниот карактер на државата. Договорени се и казните за неупотребата на албанскиот јазик кои изнесуваат до 5.000 евра за институцијата и одговорното лице кои нема да ја почитува двојазичноста.
Двојазични ќе бидат и парите, но и униформите на службените лица во сите институции на локално и државно ниво. Законите за двојазичност на парите и казните за неупотреба на албанскиот јазик планирано е да се протнат како закон со европско знаменце, со што како што вели Османи при носењето го олеснува процесот. Европскиот закон со „ѕвездичка“ за кои зборува Османи не се хармонизира со никаква европска одредба, а дополнително е спорно и укажува на задните намери на СДСМ. За потсетување, законот во 2008-та кога е донесен не минувал низ процедурите како закон со ЕУ „знаменце“.
Истакнатиот албански аналитичар и експерт за меѓународна политика Илир Кула на крајот од една негова колумна вели дека Зоран Заев е исто како да бараш морал во бордел, тој го ставил кечето на глава за да добие албански гласови, но ќе беше во состојба да направи сунет ако му беа потребни и гласовите на муслиманите “БЕСА”.Секојдневно во јавноста излегуваат нови детали околу договорот кој СДСМ го има со ДУИ. Заев е решен по секоја цена да ја распарчи Македонија, прифа