Производните капацитети на АД Електрани на Македонија во јануари годинава испорачаа над 501.201 мегават часови електрична енергија за потребите на домаќинствата и малото стопанство. Со овој резултат производствениот план за потрошувачите што се на регулираниот пазар за електрична енергија за првиот месец од 2017 година е натфрлен за 8,61 отсто, информираат од компанијата.-Во услови на енормно зголемен конзум поради екстремно ниските температури од кои беше зафатена Република Македонија, потрошувачите во континуитет ги добиваа потребните количини од електрична енергија со што домашните производствени капацитети обезбедија 90 отсто од потребната електрична енергија, додека 10 отсто од потребите се надополнети преку набавка на електрична енергија, велат од АД ЕЛЕМ.
Термоелектраните „Битола“, „Осломеј“ и комбинираната електрана „Енергетика“, додаваат, кумулативно произвеле повеќе од 337.210 мегават часови што претставува 0,72 отсто натфрлање на планот од тие извори, хидропотенцијалите испорачале над 152.730 мегават часови или 28,91 отсто повеќе од предвиденото во билансот, додека паркот на ветерни електрани Богданци партиципирал со 11.260 мегават часови, односно 37,59 отсто повеќе во однос на планот во билансот. Во вкупно произведените количини електрична енергија, најголем удел имаат термоенергетските постројки со 68 отсто, 30 отсто од енергијата е обезбедена од хидроелектраните и 2 отсто се произведени од ветер.
– Најголем удел во производството од хидропотенцијалите има хидроенергетскиот систем „Маврово“ кој само во првиот месец реализира 25 отсто од предвидениот годишен план. Најмал удел од хидропотенцијалите е регистриран кај хидроелектраните по течението на Црн Дрим, ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Согледувајќи го сушниот период во охридското сливно подрачје, истекот се прилагодуваше согласно водостојот на Охридското Езеро. ХЕЦ Глобочица не го исполни месечниот план за производство, односно произведе 38,1 отсто помалку електрична енергија во однос на очекуваното, а ХЕЦ Шпилје испорача 32 отсто помалку електрична енергија во однос на билансот, посочуваат од ЕЛЕМ.
Додаваат дека преку својата подружница ХЕС Црн Дрим и понатаму ќе ги преземат сите расположливи мерки во насока на зголемување на водостојот на Охридското Езеро.
– Согласно референтните податоци на УХМР, со растот на надворешните температури и топењето на снегот на околните планини, во изминатите денови се регистрирани зголемени дотеци во езерото што условија неговото ниво да се подигне за четири сантиметри. Истекот на езерото во Црн Дрим е прилагоден во режим на биолошки минимум и останува на сила во наредниот период, нагласуваат од АД ЕЛЕМ.-Во услови на енормно зголемен конзум поради екстремно ниските температури од кои беше зафатена Република Македонија, потрошувачите во континуитет