Стопанствениците денес плаќаат трипати пониски даноци во споредба од пред десет години. Ако ефективната даночна стапка во 2006 година изнесувала 43,5 отсто согласно пресметките на Светска банка, според извештајот Дуинг бизнис, сега таа изнесува 13 отсто или трипати помалку.Ова го истакна министерот за финансии Кирил Миноски на средба со претставници од Стопанската комора во Кичево.
Според него, тоа е огромна сума, десетици, стотици милиони евра кои им остануваат на фирмите да ги инвестираат и распоредуваат како што тие сметаат дека е најдобро.
Миноски посочи дека нула проценти данок на реинвестирана добивка се покажала како исклучително добра мерка од која добиваат и фирмата и економијата во целост. Од една страна, појасни, фирмата е ослободена од данок, а од друга страна има проширување на бизнисот, на капацитетите и нови работни места кои се креираат благодарение на даночната политика.
Тоа, според него, е добар пример како политиката на ниски даноци влијае позитивно на инвестициската активност на компаниите.
Миноски потенцира дека денешната средба со бизнисмените од Кичево е една пракса која е воспоставена изминативе години со цел да се излезе на терен и на лице место да се слушнат потребите, идеите и сугестиите на бизнис заедницата.
Врз база на овие средби, како што рече министерот, формираме политики и мерки за унапредување на деловното окружување и мерки кои ќе значат стимулирање на бизнисите во Република Македонија.
Миноски посочи дека на средбата денеска со стопанствениците е дискутирана политиката на ниски даноци чија основна цел, како што рече, е најголемиот дел од средствата да се остави на располагање на приватниот сектор како двигател на економскиот развој.Ова го истакна министерот за финансии Кирил Миноски на средба со претставници од Стопанската комора во Кичево.
Според него, тоа е огромна с