Дали Заев ќе си оди од политиката ако ги изгуби изборите?

Речиси редовна пракса е пред секој изборен циклус лидерите на партиите да ветат дека ќе си поднесат оставки од претседателските функции во партиите и дека ќе заминат од политичката сцена доколку ги изгубат изборите, но по изборите досега на прсти се бројат тие што навистина си го одржале зборот, пишува „Дневник“.И пред претстојните избори на 11 декември лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на прва ветуваат дека доколку изгубат на изборите, ќе се повлечат и од лидерската позиција во партијата и од политиката, но веќе на втора даваат безброј аргументи со кои ја условуваат ветената оставка, пишува ДНЕВНИК.
Од лидерите од големата четворка само Заев е категоричен дека ќе замине од политичката сцена доколку опозицијата предводена од него изгуби на изборите.
Али Ахмети своето повлекување го условува со денот кога Македонија ќе стане членка на НАТО, а Мендух Тачи вели дека ќе се повлече тогаш кога ќе изгуби од чисто албански гласови.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден митинг во актуелната кампања досега не споменал дека ќе се повлече од лидерската позиција, напротив, тој очекува владејачката коалиција предводена од него да освои мнозинство во Собранието.
Заев е категоричен дека ќе се повлече доколку не го победи Груевски на изборите на 11 декември.
– Ако Зоран Заев ги изгуби овие избори, јас, меѓу другото, се борам и за морални и етички вредности, за одговорност и транспарентност во нашето работење. Ако ги изгубам изборите, ќе си дадам оставка и ќе заминам од политиката и тоа да им биде јасно на сите. Ако победам, ќе ги добијам одговорноста и честа да го имплементирам овој нов концепт за кој се залагам и да им докажам на сите дека може Македонија да биде добра земја – вели лидерот на СДСМ.
Лидерот на владејачката ДУИ смета дека нема политичка сила во албанскиот блок која е кадарна успешно да ја одбрани албанската кауза, освен ДУИ.
– За да се соочиш со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, треба да имаш човечки капацитети и познавања во сите сфери во политиката и она што мене би ме натерало да се повлечам од политиката, сигурно доколку ДУИ ги изгуби изборите, доколку моите политики, мојата филозофија мојот концепт ја немаат поддршката од луѓето, од електоратот… секој паметен политичар ќе се повлече. Но, со оглед на тоа како се одвиваат нештата, ДУИ е единствениот победник досега. И според опозициските анкети ДУИ е победник – вели Ахмети.
И дотука впечатокот е дека лидерот на ДУИ нема проблем да замине од политичката сцена. Но, веднаш по ваквата позиција, Ахмети додава дека има повеќе важни моменти кои се пресудни за тој да реши да се повлече од политичкиот живот.
– Во моментот кога Македонија ќе добие покана и се зачлени во НАТО, во ситуација кога ќе видам дека мојата мисија завршила, она за што јас се борев е обезбедено од еден воено-политички механизам и верувам дека нештата нема да се вратат назад бидејќи стануваме дел од силите и ние како мали стануваме важни под закрила на НАТО. Тогаш ќе знам дека нема да се случи ништо лошо во заедницата што јас ја застапувам, на која јас припаѓам, со албанскиот народ – објаснува Ахмети.
Опозицискиот лидер Тачи еднакво како и Ахмети и Заев одговара дека без проблем ќе ја напушти лидерската функција во ДПА доколку ги изгуби изборите за веднаш да проблематизира од кого тој треба да изгуби на избори.
– Ако ги изгубиме изборите коректно и демократски, јас ќе се повлечам, ќе поднесам неотповиклива оставка од раководството на партијата, но од која партија јас треба да ги изгубам изборите? ДУИ неколку пати беше во коалиција со ПДП и кажуваа дека не победиле – велат дека ги имаат гласовите на Бошњаците, Турците и муслиманите што зборуваат македонски. Вистинската политичка култура ќе се постигне тогаш кога луѓето ќе бидат коректни. Тие што излегуваат со децении и велат дека јас не раководам како што треба со опозицијата и дека на секои избори ги убивам, кажано политички 8-0, 7-1, каква одговорност носат тие? Kаде е Имер Селмани? Во ДУИ. Kаде е Руфи Османи? Ги убивам политички. Другиот треба да каже дали ме убива мене политички. Ние сме вистински конкуренти. Жално е што Имер Селмани, Руфи Османи и другиот и другиот… сите завршиле во ДУИ. И овие што денеска конкурираат дека се тие вистинската опозиција, сите ќе завршат во ДУИ. Вистинската опозициска опција што има капацитет, програма и платформа и понатаму е ДПА – вели Тачи.
 
Извор: „Дневник“И пред претстојните избори на 11 декември лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на прва ветуваат дека доколку изгуб

Пронајдете не на следниве мрежи: