Поддршка за двојазичност и кантонизација: Соросовите платеници со исти ставови како Заев и Милчин

Сорос и СДСМ едногласни во поддршката за двојазичност и кантонизација, што и не е за чудење ако тргнеме од фактот дека СДСМ и Сорос се поврзани како мајка и дете со „папочна врвка“.Секој став на СДСМ е и став Сорос, дали едниот субјект или другиот ќе биде прв во изјава или став е сосема небитно, бидејќи потоа другиот ќе ја поддржи и понатаму промовира идејата.

Лидерот на опозицијата пред Албанците во Швајцарија ја промовираше, застапуваше, па и презентираше дел од својата изборна програма, кокетирајќи со албанската дијаспора, претставувајќи и залагајќи се за албанската кауза за двојазичност и федерализација, за веднаш тоа поранешниот директор на Фондацијата отворено општество, Владимир Милчн  од косовскиот претседател Хашим Тачи доби одликување „за заслуги за унапредување на Албанците“.
Во застапување на двојазичноста и кантонизацијата, не остана покусо и Мирјана Најчевска. На својот блог Квадратура на кругот, а потоа превземено од Окно.мк, самопрогласениот „експерт“ напиша:
-Имаме држава во која …граѓаните не можат на шалтерите во целата држава да поднесат барање и на својот јазик, ниту пак можат да ги прочитаат упатствата на производите на сопствениот јазик, ниту да ги добијат информациите поврзани со обврските кон државата на сопствениот јазик, ниту пак да очекуваат дека докторот или медицинската сестра во некоја болница надвор од местото на нивното живеење зборува и на нивниот јазик, напиша Најчевска.
 
Според неа она што денес го промовира Заев е зрелост: „Јас лично мислам дека ова што денес го промовира Заев како програма на СДСМ претставува показател на зрелоста на партијата.“
 
Понатаму, таа смета дека вработените во јавниот сектор, како и децата од најрана возраст треба да учат албански јазик.
-Да стимулира лекарите и наставниците и администраторите и сите во услужните дејности да зборуваат колку што е можно повеќе јазици на етничките заедници кои живеат во Македонија. И тоа да биде предност при вработување, нешто што носи поени….децата треба да се поттикнуваат да ги учат јазиците на етничките заедници кои живеат во Македонија. Од најмала возраст, пишува Најческа.
 
А кога станува збор за кантонизацијата, „експертот“ исто како и Заев смета дека локалната самоуправа треба да има поголеми ингеренции.
-И мислам дека локалната самоуправа треба да има многу поголеми ингеренции од овие кои ги има, заклучува Најчевска.Секој став на СДСМ е и став Сорос, дали едниот субјект или другиот ќе биде прв во изјава или став е сосема небитно, бидејќи потоа другиот ќе ја под

Пронајдете не на следниве мрежи: