Уставот треба итно да се промени, а Албанците и Македонците во Македонија да ги говорат и двата јазика. Ова е ставот на поранешниот пратеник во Советот на Европа Андреас Грос кој минатата недела заедно со лидерот на СДСМ говореше пред албанската дијаспора во Швајцарија.Грос во пишано интервју за Сител вели дека со Заев делат заеднички идеи околу потребните промени на Уставот.
– Лидерот на СДСМ на трибината во Швајцарија говореше за уставни измени и надминување на Охридскиот рамковен договор. Кое е вашето размислување на оваа тема?
– Се согласувам со неговата идеја дека во духот на Охридскиот рамковен договор треба да се промени Уставот за да се постигне вистинска интеграција на поделеното македонско општество. На пример, во првите членови на Уставот треба да биде јасно назначено дека македонската нација е составена од различни културолошки заедници кои се еднакви и заеднички го градат македонското општество. Денешната формулација ја дискриминира помалата заедница и ја привилигира поголемата што не и оди во корист на интеграцијата и почитувањето на различноста.
– Говоревте дека Македонците треба да го научат албанскиот јазик. Дали сметате дека Македонија треба да има два официјални јазици?
– Сметам дека тоа би било од екстремно голема помош. Двете заедници треба да ги научат двата јазика за да граѓаните можат меѓусебно да се разбираат додека го говорат својот јазик. Да се научи јазикот е знак на почит за другата заедница и овозможува да се отворите кон таа заедница. Дополнително, тоа му помага на развојот на Македонија кога сите граѓани разбираат или делумно говорат на двата главни јазици кои се во употреба во поширокиот регион.
Грос во интервјуто вели дека сегашните меѓуетнички односи назадуваат и дека ова прашање се закануива на опстанокот на земјата.
– Тие уназадуваат и речиси никогаш не биле лоши како денес. Заедно со политичката и економската криза тие и се закануваат на иднината на земјата и нејзиното опстојување. Токму затоа ви требаат ургентни реформи во сите три области доколку сакате да им служите на луѓето и нивната иднина.
Според политичарот од Швајцарија, уставот на Швајцарија која е поделена на кантони може да биде инспирација за Македонија.
Швајцарскиот Устав е дефинитивно корисен извор за инспирација но не и модел за копирање. Но успехот на швајцарскиот начин на интегрирање на општеството полно со различности е во развиената култура на мнозинството да ја споделува моќта и другите елементи со малцинствата повеќе од она што го бараат уставот и математиката. Бидејќи швајцарските Германци разбираат дека можат да живеат среќно само кога и останатите се чувствуваат добро и добиваат повеќе од нивниот математички дел од целината. Оваа меѓусебна емпатија сеуште треба да се развива и зацврстува во Македонија.
На заедничката трибина во Швајцарија организирана од невладината албанинфо и Грос и Заев говореа за потребата од уставни измени и двојазичност.
Заев од партиските митинзи тврдеше дека не постојат никакви иодеи за федерализација и двојазичност.Грос во пишано интервју за Сител вели дека со Заев делат заеднички идеи околу потребните промени на Уставот.
– Лидерот на СДСМ на три