Фосилите од праисториски животни пронајдени кај делчевски Стамер и Ѕвегор заедно со колекцијата фосили од праисториски животни од Македонија, го најдоа своето место во првата научна монографија за фосилите од Македонија работена од светски и македонски познати палеонтолози врз собраното научно богатство од стариот палеонтолог проф.д-р Ристо Гаревски, која треба да изелзе од печат наредната година во меѓународното списание Палеонтографика во Германија.Познатиот палеонтолог и директор на бугарскиот Природонаучен музеј, проф. д-р Николај Спасов, потенцираше дека оваа монорафија е еден голем труд и прв ваков труд кој обединува светски познати палеонтолози, како Ристо Гаревски, Денис Жирард, Латинка Христова, Георги Марков, Билјана Гаревска и Николај Спасов.
– Тоа е еден голем придонес за исцртување на природното постоење пред 7-8 милиони години на Балканот. Стамер е исто така, вклучен во оваа монографија, јас сметам дека Стамер допрва ќе изненадува со своето природно наследство, но не само Стамер ние сега ќе се обидеме да направиме македонско-бугарски палеонтолошки истражувања во Долни Дисан, каде исто така, има интересни ископани фауни, но пред сѐ, ќе направиме обид да влеземе во трага на најраните хоминиди на Балканот и за почетокот на прачовечката историја, рече Спаспов.
Професорот Спасов информира дека во околината на Чирпан во Бугарија има откриено заб од првиот прачовек, хоминид, стар 7 милиони години. Според него, тоа е основата за да се бара првиот прачовек на Балканот и во Македонија, теза која првично беше поставена при сензационалните откритија во Стамер и Ѕвегор.
– Не сме се откажале од Стамер, фосилите во Стамер имаат малку подоцнежна возраст и човек не може да прави сѐ во исто време и сега одиме со намерата да се концентрираме таму, каде што има најголема шанса да го откриеме тоа што го бараме. Стамер е исклучително интересен, фауната на Стамер допрва треба да се истражува и да ги покаже своите чуда. И во оваа прилика сакам да потенцирам дека ако зборуваме за современиот вид, хомосапиенсот, тој доаѓа од Северна Африка, но нашите факти зборуваат дека Балканот е исклучително важно место, каде што се развила најраната историја на човечките суштетства од кои се развил подоцна човекот, рече Спасов.
Директорот на Природонаучниот музеј во Скопје, м-р Ивица Заркадов, за МИА изјави дека оваа соработка со научната институција во Софија е многу значајна за понатамошни заеднички истражувања на теренот.
– Ние во таа насока потпишавме два меморандуми за соработка со природонаучниот музеј во Софија, но и со Белград, така што овие меморандуми за соработка понатаму многу ќе ни ја олеснат работата и сорабоктата за проекти, рече Заркадов.Познатиот палеонтолог и директор на бугарскиот Природонаучен музеј, проф. д-р Николај Спасов, потенцираше дека оваа монорафија е еден голем труд и