Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија испратија писмо со демант за тврдењата на ФРОДЕМ и за текст објавен на опозицискиот портал А1он.Нивната реакција ја пренесуваме во целост
Претседателите на сите Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија , почнуваќи од Бризбен,Њукастел, Сиднеј, Волонгонг, Камбера, Аделаида, Мелбурн и Перт, и раководствата на гореспоменатите ЗК ја известуваат целокупната македонска јавност од дијаспората и во Република Македонија дека одреден број на печатени медиуми, на крајно безобразен и несовесен начин ја злоупотребуваат својата новинарска професија, и без ронка човечка совест, ја лажат македонската јавност.
Наводно добиле писмо од претседателот на ЗК од Бризбен (г-динот Љубе Спасоски) со кое се напаѓа највисокиот врв и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е апсолутна ЛАГА. Од директен телефонски разговор со споменатиот Љ.С. констатирано е следното: Неговото име е злоупотребено и со краен револт, го демантира објавениот текст на a1оn.мк и ни соопшти дека никогаш и не помислил такво нешто и дека воопшто не ги користи социјалните мрежи, за да може да има таква објава. Сходно на обавениот разговор, сите ЗК-ти на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го демантираат објавениот текст на а1оn.мк.
Претседателите на сите ЗК на ВМРО-ДПМНЕ, како и раководствата ЗК-ти, едногласно и без никаква резерва ја поддржуваат целокупната политика на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од г-динот Никола Груевски.
Согласноста на овој јавен ДЕМАНТ ја издаваат следните ЗК-на ВМРО ДПМНЕ:
1. Бризбен………………Љубе Спасески
2.Њукастел ……………Томица Парлапанов
3.Сиднеј ………………..Влатко Неделкоски
4.Волонгонг ……………Анѓелко Стојчески
5.Канбера …………….. Веле Балоски
6.Аделаида……………. Предраг Ивановски
7.Мелбурн …………….. Џими Котески
8.Перт …………………. Трајче Трајкоски
Воедно, сакаме да ги информираме сите МАКЕДОНЦИ, без разлика каде живееме, во Македонија или во дијаспората, дека ваквите, инсинуации и лаги на одредени лица, кои до скоро ги уживаа сите благодети, токму од ВМРО-ДПМНЕ, се недостоинствени и не заслужуваат никаква почит и респект од јавноста. Актерите на ваквите сценарија кои и со петни жили не се избориле, за повторно да имаат свој претставник во највисокиот законодавен дом Парламентот на РМ, свесни за својата некомпетентност и некадарност, на многу провиден и ептен мизерен начин, се додворуваат на новоформираните крем политички партии, од типот на ФРОДЕМ и слични на неа. И уште еднаш ги повикуваме сите оние кои даваат лажни објави, дека треба да имаат почит спрема оние лица кои се злоупотребени од одредени лица, алчни за било какви позиции од јавен карактер.Нивната реакција ја пренесуваме во целост
Претседателите на сите Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија , почнуваќи од Бризбен,