Расипници: Краделе хуманитарна помош, а за спасување со чамец барале по 1 000 динари од човек

За огромна жал, постојат и луѓе кои природната катастрофа и туѓата несреќа ја користат за лични придобивки.Една жителка на Железник јавува дека вработените во месната заедница во тој град крадат дел од хуманитарната помош и со автомобили ја носат на своите роднини.
Директорот на хотелот Славија исто така вели дека кај нив доаѓа до злоупотреба на помошта. Вели дека има членови на одредени семејства кои и по десет пати во денот се симнуваат во мензата да бараат храна. Стравува дека храната може да заврши на сивиот пазар.

 
Обреновчани пак се жалат дека за да се качат на чамец за спасување им се барало по 1 000 динари по човек. На социјалните мрежи луѓето јавуваат за разни форми на профитирање од несреќите. Се зборува за луѓе кои купуваат пумпи за вода, па потоа ги продаваат многу поскапо.
Во некои хотели се појавуваат и измамници кои се претставуваат како жртви од поплавите за да седат во соби и да јадат и пијат без пари. Не знаеме што им се врти во главите на овие луѓе, но тоа сигурно не е сочувство и хуманост спрема своите сонародници. Срамота!
Една жителка на Железник јавува дека вработените во месната заедница во тој град крадат дел од хуманитарната помош и со автомобили

Пронајдете не на следниве мрежи: