ВМРО-ДПМНЕ почна да ја крстосува Македонија. Она што во неделата на големиот народен собир пред околу 40.000 граѓани го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски почна да се реализира.-Почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата порака, да ве погледнеме во очи и да ви кажеме кои се нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од големиот партиски собир.
Највисоки партиски функционери интензивно работата на терен, одржуваат средби со граѓаните и ги посетуваат општинските партиски штабови. Во нив се бара место повеќе. Информациите кои што пристигнуваат од локалните партиски ограноци велат дека во секој штаб, функционерите ги пречекуваат голем број граѓани и локални партиски членови и симпатизери, пренесува Пресс24.
Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска беше во посета на Кисела Вода каде што имаше средби со граѓани.
-На 11 декември граѓаните на Република Македонија ќе гласаат за стабилна држава, за својата иднина, за политиките и програмите на ВМРО-ДПМНЕ која покажа и докажа како се работи, како посветено и чесно се реализираат сите проекти кои се ветени пред граѓаните на Република Македонија, истакна Канческа Милевска.
Во Битола денеска беше пратеникот Антонио Милошоски. Во изборната единица во која според неофицијалните информации ќе биде носител на пратеничката листа на владејачката партија тој се сретна со битолчани но и членовите на ВМРО-ДПМНЕ од градот на конзулите.
-До 11 декември ќе ги слушате политичарите, на 11 декември ќе го слушнеме гласот на народот и ние сме сигурни дека народот ќе си го каже своето, дека ќе застане во одбрана на Уставот на Република Македонија, на унитарноста на нашата држава без да даде можност на било кој политичар да ја редефинира или да се поткусурува со националните интереси на Македонија, а за сметка на доаѓањето на власт или некакви лични амбиции, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски посочи дека истовремено оваа изборна кампања треба да биде на едно од највисоките нивоа, демократска, отворена, транспаретна, фер, со почитување на сите политички соперници.
-Овој пат нема да допуштиме на било кој да даде било какви изговори за бегање од изборите или за наоѓање изговори за непризнавање на изборниот резултат. Бидејќи се работи за Македонија, за државниот интерес, за потребите на граѓаните кои сакаат инвестиции, нови проекти, патишта, образование, а не сакаат шпионирање и тргување со националните интереси, потенцираше Милошоски.
Пратеникот Илија Димовски за кој се зборува дека ќе ја предводи изборната листа во тројката денеска беше во Кочани.
– Нашите политички противници ветуваат брда и долини, плата од 30.000 денари… Тоа е политичка лага и лицемерие, истакна Димовски, и додаде дека разликата е голема.
Стапката на невработени во општината од над 10.000 се намали на 4.900 лица од кои половината се пасивни баратели на работа, додаде Димовски.
Заменик министерот за образование и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски денеска беше во скопски Петровец, каде оствари средба со граѓаните.
Ристовски рече дека партијата започна со подготвителни теренски активности се со цел да продолжи комуникацијата со граѓаните, со членството и поддржувачите за да се креираат идните проекти и реформи и истовремено да се разговара за сите досегашни активности и проблеми од локален карактер.
– Но, за нас е исто така многу значајно целата поддршка која што ја имаме од граѓаните на Република Македонија во насока на завршување на оваа политичка криза, која што очекуваме на 11 декември конечно да заврши со новите парламентарни избори на коишто ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи, нагласи Ристовски.
Врз основа на таа победа, додаде тој, да се стави крај на кризата и на сите ризици што постојат околу можноста за редефинирање на уставниот поредок.
– На еден начин да се врати мирот, спокојот, успешниот раст и развој на земјата на сите полиња, а ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да биде столбот на движечките реформи и развој на нашата една и единствена татковина, рече Ристовски на средбата со граѓаните во Петровец.
Во Свети Николе денеска беше Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски како висок претставник на својата партија.
-Сакаме да им порачаме на СДСМ дека Свети Николе не сака двојазичност, СДСМ да почне да прави позитивни проекти за Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави постојано, Свети Николе е македонски град, посочи Мисајловски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже колку силно ќе победи на 11 декември
-Ние сме позитивно насочени кон сите проекти, сакаме да стигнеме со секој еден граѓанин и да им порачаме дека сета програма која ја имаме предвидено е за нив. Ќе работиме за граѓаните, за проекти за Република Македонија. Мора еднаш да и ставиме крај на кризата и да се определиме кон нешто што е добро за Р. Македонија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се проектите, делата, потенцираше Мисајловски кој додаде дека партијата има голем број на проекти кои треба да се реализираат во корист на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ја започнува својата активност за завршна подготовка за изборите за 11 декември. Добро е што пратениците сите заедно одлучија да се распушти Собранието и да се стави крај на политичката криза во Република Македонија бидејќи на сите граѓани во последните две години им се смачи од тоа постојано да го гледаат она што се случува во Македонија.
Ова по вечерашната средба со жителите на Илинден во истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.
-Оваа политичка криза не продуцираше никакви позитивни работи, туку само загриженост за тоа што ќе се случува со Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори, имаме подготвено најдобра и најквалитетна политичка програма досега со која уште повеќе проблеми ќе бидат решени за граѓани, ќе бидат создадени повеќе работни места, ќе биде подобрена деловната клима, инфраструктурата, ќе се градат нови патишта, нови болници, нои училишта градинка, ќе има нови зголемувања на пензиите, социјалната помош, решавање на нивните прашања, објсни Пешевски.
Тој додаде дека се сигурни дека народот ќе ја казни деструктивноста на нивните политички противници и нивната идеја да се предизвика нестабилност во државата.
На терен денеска и Никола Тодоров, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за здравство беше во посета на општина Карпош.
Народот ќе си дојде по своето на 11 декември. Народот ќе го порази СДСМ и неговата политика на деструкција и политика на креирање на кризи и одржување на таа криза многу долг период, истакна денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров по средбата која ја оствари со жителите од скопски Карпош.
-Криза во која што многу изгубија и граѓаните и државата и поради сите овие причини, како и поради тоа што граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе победиме на 11 декември. На тој начин ќе заврши кризата и ќе може да се фокусираме на реалните проблеми и потреби на граѓаните, на реализација на она што го имаме ветено во нашата програма која ќе биде обемна, прецизна, со конкретни рокови, проекти и носители, истакна Тодоров.
Почнуваме како никогаш до сега, ќе појдеме во секое село, секоја улица, секое маало. Треба наредните 55 дена буквално да ја преораме Македонија, да разговараме со што е можно повеќе луѓе и на 11 декември да порачаме дека татковината е во сигурни раце, а ВМРО-ДПМНЕ има 63 пратеници и ќе донесе стабилност во Македонија, истакна вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев по средбата во гостиварци.
-Потребни ни се 63 пратеници во Собранието за да ја осигураме стабилноста на македонската влада. Потребни ни се 63 пратеници за зачувување на уставниот поредок, за зачувување на стабилноста и унитарноста на Р. Македонија. Особено е важно тоа во сите региони, градови, села. Ова се важни избори со кои се одлучува судбината на Македонија. Македонија треба да ја заврши оваа криза и со стабилна влада многу повеќе ќе може да се сконцентрираме на проблемите на граѓаните и нивно решавање, истакна Ѓорчев.-Почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата пор