Арсовска Томовска на средба со новиот француски амбасадор Кристијан Тимоние

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.Како што соопшти прес-службата на Министерството, средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и разгледување на можностите за продолжување на билатералната соработка.
– Министерката го запозна францускиот амбасадор со проектите и активностите кои ги спроведува Министерството во однос на реформите на јавната администрација и развојот на информатичкото општество во Република Македонија. Притоа, Арсовска Томовска изрази благодарност за досегашната соработка со Француската амбасада поврзана со успешно реализираните проекти, а амбасадорот од своја страна изрази подготвеност за продолжување на таквата соработка и во иднина.
Амбасадорот Кристијан Тимоние е дипломат од кариера и дојде на местото на досегашната амбасадорка Лоренс Оер.Како што соопшти прес-службата на Министерството, средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и разгледување на можностите за продолжување на

Пронајдете не на следниве мрежи: