Николовски ќе ја предводи делегацијата на ПССЕ за набљудување на реферндумот во Азербејџан

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Александар Николоски, во име на ова меѓународно собрание, ќе ја предводи Ад хок комисијата за набљудување на референдумот за уставните измени во Азербејџан, закажан за 26 септември.– Ова е првпат пратеник од Македонското собрание да биде избран да предводи мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на избори или референдум.  Пратеникот Николоски поради своето искуство во набљудување на изборите во земјите членки на Парламентарното собрание на Советот на Европа, преку учеството во повеќе предизборни и изборни мисии, е избран од Бирото и од претседателот на Организацијата за шеф на мисијата, составена од седум члена од сите политички групи, која треба да даде оценка за референдумот во Азербејџан, информира прес-службата на Собранието на РМ.
Делегацијата ќе се сретне со претседателот на Азербејџан, претседателот на Парламентот, претседателот на Централната изборна комисија и членовите на делегацијата на Азербејџан во Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и со претставници на граѓанското општество и на медиумите.
На денот на референдумот, членовите ќе бидат присутни на избирачките места. По завршувањето на гласањето, предвидено е Ад хок комисијата да одржи прес-конференција на која ќе биде соопштена нивната оценка за процесот.
Парламентарното собрание го набљудува референдумот во Азербејџан по добиената покана од властите во земјата.– Ова е првпат пратеник од Македонското собрание да биде избран да предводи мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљуд

Пронајдете не на следниве мрежи: