Државниот студентски дом – Скопје реагира на текстот со наслов „Студентите скусени за еден месец исхрана во студентските домови“, објавен на Плусинфо

Државниот студентски дом – „Скопје„ реагира на текстот со наслов “Студентите скусени за еден месец исхрана во студентските домови“, објавен на интернет порталот Плусинфо, а потпишан од новинарот Рада И. Маневска, во кој се изнесени тотални невистини дека на сместените студенти во последниот месец од изминатата академска 2015/2016 година, не им биле издадени бонови за храна. 
Имено, во уредно доставениот одговор до новинарот, од наша страна беше објаснет начинот на кој сместените студентите ги добиваат услугите во нашите студентски домови.
Дополнително, побаравме и подетални податоци за студентите, за кои наводно новинарот имал информации дека се оштетени, но не добивме за да можеме да ги соочиме фактите.
Сепак, сето тоа не беше пречка за да се напише спектакуларен обвинувачки наслов и во самиот текст полн со измислени приказни, да се спомене и бројката од дури 6.000 оштетени студенти, што е двојно повеќе од можностите на нашите сместувачки капацитети.
Повторно апелираме до новинарот, доколку има конкретни информации со лични податоци за евентуално оштетени студенти, истите може да ги достави до нас и ќе добие соодветен одговор. Во спротивно ќе сметаме дека новинарската етика и понатаму останува незадоволена.
Во прилог на оваа реакција, уште еднаш го доставуваме одговорот на поставените прашања од плусинфо, а во кој е појаснет начинот на користење на нашите услуги:
“Студентите кои ги користеа нашите услуги заклучно со изминатата академска година, согласно договорите за сместување, престој и исхрана, имаа обврска за подмирување на трошоците најдоцна до 10ти, секој тековен месец, по што ги добиваа боновите.
Од оваа академска година, праксата за подмирување на обврските останува идентична, со тоа што повеќе не се издаваат нови бонови. Во употреба се пуштени електронски картици, додека оние студенти на кои им останале неискористени бонови, имаат можност да ги искористат до крајот на 2016 година, така што ниту еден студент нема да биде оштетен“.
  
Имено, во уредно доставениот одговор до новинарот, од наша страна беше објаснет начинот на кој сместените

Пронајдете не на следниве мрежи: