Министерството за транспорт и врски денеска ги отфрли тврдењата на СДСМ искажани на прес-конференција посочувајќи дека опозициската партија грубо манипулира со факти кои се меѓусебно неспоредливи поради разликата во мерливоста на показателите кои се употребени.– Ова СДСМ го прави затоа што кога е во прашање железницата нема ниту основан аргумент за напад на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нешто од свое време со што ќе се пофали, стои во соопштението од Министерството.
СДСМ, се наведува во соопштението, избрка стотици луѓе од работа во железницата, не вложи ниту денар во набавка на нови локомотиви, патнички и товарни вагони, а како спомен на своето владеење ги остави бетонските столбови од никогаш изградената пруга кон Бугарија. Истовремено СДСМ добро знае дека овие неколку години се историски во вложувањата во железничкиот сообраќај и инфраструктура, па токму затоа во предизборниот период жолчно се обидува да ја манипулира јавноста.
Намерно или во рамките на манипулативниот наратив, посочуваат од Министерството за транспорт, СДСМ заборави да спомене дека во цела Европа и кај најголемите железничи компании има намалување во товарниот и во патничкиот сообраќај.
– Доколку ова е ненамерна грешка, СДСМ може да зборува за нешто што познава, па корисно за граѓаните би било да направат споредба и да одговорат колку километри пруги СДСМ рехабилитираше додека беше на власт, колку километри нова железничка инфраструктура изгради, колку вагони и возови купи за да можат граѓаните безбедно да патуваат и компаниите навремено,безбедно и точно да ги оперираат своите набавки? Колку железнички станици реконструираше и колку луѓе од Железница оставивте на улица без работа СДСМ, стои во соопштението од Министерството за трнаспорт.– Ова СДСМ го прави затоа што кога е во прашање железницата нема ниту основан аргумент за напад на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ниту неш