Екипата на Мајами ја продолжи победничката серија, ‘жешките’ од Флорида до 17-от триумф во низа дојдоа на натпреварот со Филаделфија. На останатите натпревари кои се одиграа во ноќта помеѓу петокот и саботата, од фаворитите победија Оклахома, ЛА Лејкерс, Бостон и Чикаго, додека Сан Антонио загуби од Портланд.Мајами, предводен од Леброн Џејмс (25 поени, 10 скокови) ја совлада Филаделфија со 102:93, Џејмс на овој натпревар ја постигна 1.000 тројка во кариерата, а неговиот тим и теоретски го обезбеди пласманот во плеј офот.Оклахома го совлада Шарлот со 116:94, во натпревар во кој најголемите ѕвезди на Тандер добија можност да одморат – Дурент и Вестбрук одиграа по 23 минути, период во кој Дурент постигна 19, а Вестбрук 11 поени.Бостон во најдраматичниот натпревар, во продолжението ја победи Атланта со 107:102. Пол Пирс со 27 поени и по седум скока и асистенции ги предводеше Селтикс до 13 победа на последните 18 натпревари. На спротивната страна Џош Смит одигра одличен меч кој го заврши со 32 поени, осум скока и девет асистенции.До победа во продолжението стигнаа и ЛА Лејкерси над Торонто, ‘езерџиите’ предводени од Коби Брајант кој имаше учинок од 41 поен, 12 асистенции, шест скока, но и девет загубени топки, триумфираа со 118:116. Брајант поддршка доби од Двајт Хауард (24 поени, 13 скокови) и Стив Неш (22 поени). Демар Дерозан со учинокот од 28 поени и по пет скока и асистенции се истакна во редовите на Торонто.Сан Антонио на домашен терен претрпе вистинска катастрофа од Портланд 106:136. Четворица играчи на Портланд во победата постигнаа преку 20 поени: Демијан Лилард (35 поени, 9 асистенции), Ла Маркус Олдриџ (26 поени), Џеј Џеј Хиксон (23 поени, 11 скокови) и Ерик Мејнор (20 поени, 6 асистенции). Резултати од другите натпревари:Орландо-Индијана 86:115Бруклин-Вашингтон 95:78Детроит-Далас 99:102Кливленд-Мемфис 99:103Чикаго-Јута 89:88Сакраменто-Феникс 121:112Голден Стејт-Хјустон 88:94.
МакфаксЕкипата на Мајами ја продолжи победничката серија, ‘жешките’ од Флорида до 17-от триумф во низа дојд