Најголемата опозициска партија веќе четири дена молчи и ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата дека покрај добиената фунција, поранешниот новинар добива и плата од СДСМ. Официјално од 09.09.2016 година, Зекири е вработен како советник во СДСМ со месечна плата од над 500 евра, но партијата молчи за ваквите информации.Наместо одговор на прашањата на медиумите кои се од јавен интерес, СДСМ во свој стил продолжува да испраќа навреди. Ваквото комуницирање на социјалдемократите претставува не само недоличен однос кон медиумите туку и воопшто недоличен однос кон јавноста.
-„Медиумите под контрола на Никола Груевски по којзнае кој пат ја манипулираат јавноста. Текстот на весникот „Дневник“ кој денеска го објавуваат и курирските портали е уште еден пример за известување надвор од новинарските стандарди. Бомбастичниот наслов за кандидатските листи воопшто не ја одразува содржината на текстот“, се вели во соопштението од СДСМ.
Наспроти ова, СДСМ веќе четири дена молчи на прашањата и не открива кое од партиските тела и во која процедура ја донело одлуката за вработување на Мухамед Зекири? СДСМ молчи дали воопшто има некој друг член на ЦО кој зема плата од СДСМ или Зекири е единствениот? За јавноста останува енигма зошто СДСМ молчи и се крие кога е во прашање платата и ангажманот на Зекири.Наместо одговор на прашањата на медиумите кои се од јавен интерес, СДСМ во свој стил продолжува да испраќа навреди. Ваквото комуницирање на социјал