Продолжува серијата земјотреси кои од вчера го тресат скопскиот регион.Од утринава регистрирани се неколку. Скопското подрачје се стресе претпладне но и попладне.
Во 11 и 50 скопјани почувствуваа нов земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтер. Епицентарот беше 5 километри оддалечен од Арачиново и Црешево, на длабочина од 1 километар.
Вториот земјотрес појак за повеќе од еден степен. Во 14.20 земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтер со длабочина од 5 километри. Епицентарот е на 9 километри од центарот на Скопје, 4 од Арачиново и на еден километар од Црешево.
Граѓаните во страв излегуваа од своите домови.
Оние што живеат во згради на повисоки катови, за ТВ Нова велат дека засега ќе останат надвор, дел од нив ќе заминат кај своите блиски кои живеат на пониско, дел пак, како што велат, судбината ја оставаат во Божји раце.
По вчерашниот земјотрес граѓаните најмногу штети пријавиле за искршени автомобили и стакла. Од ЦУК велат дека до утринава околу 300 граѓани пријавиле штети.
Екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) заедно со претставници од скопските општини, денеска и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени штети.
Од МВР велат дека пријавените штети се однесуваат на повеќе автомобили, паднати плафони, искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населба Ѓорче Петров, во Институтот за македонски јазик во објектот на МРТВ, и на повеќе куќи во село Батинци, потоа Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар, како и паднат оџак од зграда во населба Железара, пренесува ТВ Нова.Од утринава регистрирани се неколку. Скопското подрачје се стресе претпладне но и попладне.
Во 11 и 50 скопјани почувствуваа нов земј