Колку штети се пријавени во осигурителните компании?

Дел од луѓето кои се најдоа затекнати во поплавите или пак живеат во некое кристично подрачје побарале надомест од осигурителните компании.Сепак, имаме ли официјални информации колкави се штетите и колку луѓе ги имале осигурано своите домови? На оваа тема во информативниот блок со Билјана Василева Трендафилова, гостин во програмата беше првиот човек на агенцијата за супервизија на осигурувањето, доктор Климе Поповски.
„Заклучно до денешниот ден имаме пријавено 468 штети и тоа по основ на осигурување на имот и по основ на осигурување на возила, со напомена дека тоа се однесува само за оние возила кои што имаат Каско осигурување, бидејќи полисата не покрива потенцијална финансиска загуба што може да биде предизвикана од временските неприлики“, вели Поповски.
Тој истакна дека пријавата на штети започнала пред три дена и дека најголем дел од пријавите се однесуваат на физички лица, но има и правни.
„Ги следиме податоците на дневна основа, бидејќи во интерес на корисниците е овие штети да бидат брзо и ефикасно проценети“, вели Поповски.
Оние кои го пропуштија разговорот, целиот можат да го проследат во продолжение.Сепак, имаме ли официјални информации колкави се штетите и колку луѓе ги имале осигурано своите домови? На оваа тема во информативниот блок со Билј

Пронајдете не на следниве мрежи: