На Гумење во Крушево, по 49. пат вечерва беа отворени Научно-културните средби „10 Дена Крушевска Република“ во пресрет на утрешното одбележување на македонскиот национален празник 2 Август – Илинден.Со пристигнувањето на илинденските коњаници и со кревањето на бајракот на столбот на Гумење е означен почетокот на оваа манифестација на која присуствуваше и премиерот Емил Димитриев со сопругата.
Делегации на Манифестацијата и на градот Крушево, како и коњаниците им оддадоа почит на загинатите борци. Свежи цвеќиња беа положени на криптата на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, пред споменикот на партизанските гробишта и на гробот на Тоше Проески.Со пристигнувањето на илинденските коњаници и со кревањето на бајракот на столбот на Гумење е означен почетокот на оваа манифестација на која прису