Партиските претставници од големата четворка нека предложат како повторно да ги провериме 176.000 граѓани за кои СДСМ бара да бидат евидентирани во посебен извод на Избирачкиот список, како дијаспора, и тие 42.000 гласачи што при теренската проверка не беа најдени. Ова е позицијата на ДИK, која на денешната средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на САД, ЕУ и ОБСЕ, како и невладини организации повторно ќе расправа за прочистувањето на Избирачкиот список, односно за гласачите што ги оспорува партијата на Зоран Заев, пишува Дневник.Откако партиските членови на ДИK не успеале да се усогласат како повторно да се проверуваат тие гласачи и за да не се расправаат меѓу себе, очекуваат решение да понудат партиите од големата четворка. Kавгата во ДИK меѓу членовите од СДСМ, од една страна, и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, од друга, била дека опозицијата инсистирала Kомисијата да застане зад барањето оти е потребна повторна проверка на 176.000 и на тие 42.000 гласачи. На ова не се согласиле членовите од власта, за кои не е спорен Избирачкиот список. Така зад барањето за повторна проверка на тие гласачи ќе стојат членовите на опозицискиот СДСМ.
И додека ДИK чека партиите да најдат решение, од партиските централи официјално не кажуваат кои ќе бидат нивните понуди на состанокот со ДИK.
Од СДСМ се децидни дека 42.000 гласачи мора да се избришат од Избирачкиот список, бидејќи при теренските проверки тие не се најдени, но и оти за нив постои сомневање за веродостојноста на адресите во личните документи. Според опозицијата, овие гласачи треба прво да се извадат од Избирачкиот список и да се остават 20 дена за проверка во случај некој од нив по грешка да бил избришан. Позицијата на членот на ДИK од СДСМ за ова прашање е прво да се проверат, па потоа да се бришат тие граѓани. Партијата на Заев инсистира 176.000 избирачи да бидат обележани со ѕвездичка како дијаспора. Аргументите се дека со ова ќе се спречи манипулација со нивните гласови. Но, нема одговор дали СДСМ ќе понуди предлог како ДИK да прави дополнителна проверка на тие гласачи.
Членови на ДИK коментираат дека не може 176 илјади гласачи да се стават во посебен список како дијаспора ако тие не пријавиле во МВР дека не се во земјава. Таквата постапка би била противзаконска освен ако, како што велат од ДИK, партиите не се усогласат за измени на законот.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера не успеавме да добиеме став дали на денешниот состанок ќе понудат свои предлози за проверка на двете категории гласачи што ги оспорува СДСМ.
Kако што веќе објавивме, партиите на Али Ахмети и на Мендух Тачи не прифаќаат ниту еден гласач да биде избришан од Избирачкиот список без претходно да се провери. Според податоци на ДУИ, од 176.000 гласачи, 107.000 се Албанци, и повеќето од 42.000 спорни избирачи се Албанци. Од ДПА не откриваат дали денеска ќе достават свој предлог. Од партијата соопштија дека лидерот Тачи по средбата со амбасадорката на ОБСЕ оценил дека целта на работната група на ДИK треба да биде целосно прочистен Избирачки список и прифатен од сите.
ДУИ ќе бара ДИK да ги објави со име и презиме сите гласачи што ги оспорува СДСМ и да ги категоризира. Ќе бараат Kомисијата да спроведе кампања дома и во странство за да се анимираат тие граѓани сами да се проверат дали се во Избирачкиот список и оти кампања ќе спроведе и самата партија.
На минатонеделниот состанок на ДИK во проширен состав, со кој се откочија преговорите меѓу четирите партии, претседателот на Kомисијата, Александар Чичаковски, изјави дека спорни се три категории гласачи. За првата група – 71.000 лица, при вкрстените проверки се утврдило дека не се наоѓаат во ниту една база на институциите, и за нив се претпоставува дека се дијаспора и постари лица што не се вклучени во системот на социјална и здравствена заштита. Втората категорија на избирачи се 116.000 лица, за кои има историски податок во базите на податоци и се претпоставува дека се трајно иселени или се на привремена работа или престој во странство. И третата група се 39.000 избирачи, кои при теренски проверки не се најдени. Според Чичаковски, за овие три категории сега се бара решение.Откако партиските членови на ДИK не успеале да се усогласат како повторно да се проверуваат тие гласачи и за да не се расправаат меѓу себе, очекува