На првото пријавување и запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија што почна денеска најголем интерес за упис има во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, каде за 578 слободни места се пријавија 519 ученици, информира Министерството за образование и наука.Оттаму посочуваат дека согласно извештаите на училиштата за бројот на пријавени ученици до денес на пладне, во рамки на првиот од вкупно двата предвидени рокови за упис во задолжително средно образование, втор најголем интерес за упис има во СУГС Гимназија „Зеф Љуш Марку“ – Град Скопје каде за 544 слободни места се пријавија 325 ученици по што следи СУГС „Васил Антевски -Дрен“ – Град Скопје, каде за 476 слободни места пријавени се 290 ученици.
Пријавувањето ќе се спроведува и во текот на утрешниот ден, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година.
Квалификацискот тестирање ќе се организира во училиштата на 1 јули 2016 година, а резултатите ќе се објават на 2 јули 2016 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој ученикот ја следел наставата во основното училиште.
Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 4 јули 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2016 година.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2016 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2016 година.
Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување согласно конкурсот, продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2016 година.
Конкурсот за упис во јавните средни училишта во учебната 2016/2017 година, обезбеди вкупно 35.297 ученички места и тоа 24.583 на македонски наставен јазик, 9.728 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, во сите јавни средни училишта во Република Македонија.
Од нив 23.632 места за наменети за стручно образование, 10.985 за гимназиско образование, 476 уметничко образование и 206 за Спортска академија.
Бројот на поени за запишување во средно училиште во гимназиско образование е 60 поени, за здравствена струка 70 поени, за економско, правна и трговска струка 60 поени, за сообраќајна струка (за образовниот профил техничар за патен сообраќај 55 поени и за образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција 60 поени) и за образовниот профил техничар за очна оптика од струката лични услуги 60 поени, за електротехничка струка – за електротехничар за компјутерска техника и автоматика 55 поени, за електротехничар за електроника и телекомуникации 50 поени, а за останатите образовни профили 45 поени. За образовните профили во тригодишно траење бројот на поени изнесува 30 поени за сите профили.
Оттаму посочуваат дека согласно извештаите на училиштата за бројот на пријавени ученици до денес на пладне, во рамки на првиот од вкупно двата пред