Ликот на Александар после 23 столетија, во општината Кривогаштани, во Република Македонија

После 23 столетија, на територијата на Македонија пронајдена е монета со ликот на Александар Македонски.Археолозите викендов дојдоа до значаен пронајдок. Имено  во општината Кривогаштани, во Република Македонија на локалитетот Мало Кале, Подвис / Норово, археолозите пронајдоа монета со ликот на Александар Македонски. 
Се работи за типот сребрена драхма со претставата: Херакле / млад Александар наметнат со лавоска кожа – Ѕевс седи на престол, со левата рака држи скиптар, во десната испружена рака потпира орел,и се разбира со натписот АЛЕКСАНДРОВА.
По  23 столетија во Македонија повторно  е пронајдена монета со  ликот на Александар Велики.
„Пријатели драги, вчера во Пелагонија се случи магијата наречена АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. 
Доживеавме моќен историски и археолошки блесок на 11. 06. 2016 година попладне. Во гробот кој уште во минатото некој ги подигнал покривните плочи и го ограбил сепак останало нешто. Ликот на Александар после 23 столетија, во општината Кривогаштани, во Република Македонија на локалитетот Мало Кале, Подвис / Норово, прв го здогледа кандидат магистер Владимир Крстески од Прилеп, кој ја подигна монетата од дното на источниот дел на гробната циста и му ја подаде на магистер Христијан Талевски, а тој на раководителот на проектот магистер Дејан Кебакоски. Е ова е моментот кога сонцето античко македонско сите не огреа, осветли и заблесна. Ова е сребрена монета (во случајов во гробот, во функцијата “обол за Харон”) лично на Александар Македонски кралот / царот/ императорот на целата светска цивилизација во 4. век пред Исус Христос. се работи за типот сребрена драхма со претставата: Херакле / млад Александар наметнат со лавоска кожа – Ѕевс седи на престол, со левата рака држи скиптар, во десната испружена рака потпира орел, и се разбира со натписот АЛЕКСАНДРОВА
ТОКМУ ТАКА, СЕ РАЗБИРА,  АЛЕКСАНДРОВА,  ТУКА, ВО КРИВОГАШТАНИ ТУКА, ВО ПЕЛАГОНИЈА,  И ТУКА, ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, напиша професор д-р Виктор Лилчиќ Адамс на својот фејсбук профил.Археолозите викендов дојдоа до значаен пронајдок. Имено  во општината Кривогаштани, во Република Македонија на локалитетот Мало Кале, Под

Пронајдете не на следниве мрежи: