Николоски: СЈО е единствено Обвинителство кое не ја почитува презумпцијата на невиност

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николоски беше гостин во вчерашната  емисија  Пулт на Радио Слободна Македонија, во која зборуваше за актуелните состојби во државата, наметнатата политичка криза од СДСМ и ситуацијата со СЈО и неговата сервилност кон СДСМ.-По однос за СЈО неколку работи би сакал да кажам , прво ВМРО-ДПМНЕ ја подржува институцијата СЈО, ние го потпишавме договорот од јуни/јули со кој што е предвидена, ние гласавме во Собранието и за  кадровското решение, гласавме и за буџетот и за законот со кој што се формираше СЈО.  Според нас добро е да постои таква институција која што  ќе ги потвори сите прашања поврзани со нелегалното прислушкување и доколку има одговорност кај одредени личности за тие личности ќе поднесе соодветни пријави пред судот и судот подоцна ќе ги цени истите, рече Николоски.
Николоски посочува и на комплетната партизација на СЈО и нивната блискост со СДСМ.
-Она со кое неможеме да се согласиме е комплетната партизација на СЈО и Р.М. и главниот град се мали преку двајца луѓе се знаете со секого, оние информации кои стигнуваат до нас  е дека вработените во СЈО, главната обвинителка и нејзините помошницци не само што водат чиста партиска агенда, не само што имаат редовни средби со највисоки претставници на СДСМ, вклучувајќи го и Претседателот на партијата Зоран Заев, туку веќе својот гнев и омрза кои што го имаат спрема ВМРО-ДПМНЕ не се обидуваат да го скријат ни во приватни разговори со свои блиски ,пријатели, познаници итн, рече пратеникот.
Понатака Николоски констатира: ” Од сето она што излезе во јавноста ние не можеме да видиме ниту едно дело каде што има сериозни и цврсти докази се работи по пријави кои што СДСМ ги поднесе врз основа на разговорите кои што ги објавија и ако ги гледате пресконференциите на СДСМ истите работи ги гледате на прес-конференциите на СЈО една година подоцна , што значи дека се работи за едно добро смислено сценарио” .
Давајќи еден осврт на слични ситации во Европа,  Николоски посочи: „Не можете да најдете барем во Европа, ни еден Јавен Обвинител или Обвинителство кое што не почитува презумпција на невиност. Во Македонија тоа стана пракса , одржуваат пресконференции во кои што или директно кажуваат имиња и презимиња  за луѓе кои што не се ни осомничени , туку почнува Предистражна постапка за нив. За да објаснам на граѓаните Предистражна постапка може да се отпочне и само по допрен глас и може никаков доказ да не се најде и потоа да нема ни обвинение ни пресуда, за тоа, таа  треба да биде исклучително тајна“.-По однос за СЈО неколку работи би сакал да кажам , прво ВМРО-ДПМНЕ ја подржува институцијата СЈО, ние го потпишавме договорот од јуни/јули со кој

Пронајдете не на следниве мрежи: