СЈО креира простор за инциденти: Повторно во служба на СДСМ

Порталите и медиумите под контрола на СДСМ и доследни спроведувачи на нарачките од Бихаќка денес како по наредба „сосема случајно“ објавуваат текстови со иста содржина.Во нив повикувајќи се на анонимни извори од СЈО, најавуваат прес конференцијата на ова обвинителство која наводно треба да се одржи на годишнината од смртта на Мартин Нешковски. Оваа прес конференција според најавите на медиумите на СДСМ треба да биде проследена и со помасовен и порадикален протест со кој платеничката револуција би го сменила начинот на делување.
Гласилата на СДСМ и Сорос хорски најавуваат дека утре СЈО треба да излезе со нарачана прес-конференција за случајот Мартин Нешковски, во кој осудениот за убиството Игор Спасов доби казна затвор од 14 години.
Во моменти кога платеничката револуција губи смисол, сила и тлото под нозете, логично е и да се очекува дека Зоран Заев повторно побарал помош од Катица Јанева која треба да даде „гориво“ за поголема масовност на утрешниот последен протест на шарените платеници во форматот „секој ден во шест пред СЈО“, на кој како што најавија од „Протестирам“ ќе поднеселе конкретни предлози за крај на кризата.
Оваа шема на однесување не е воопшо нова за СДСМ – партијата е позната дека и досега злоупотребувала трагични настани во своите црни кампањи против ВМРО-ДПМНЕ, како што беше ширењето дезинформации за наводните цивилни жртви во Диво Насеље.
Тогаш СДСМ преку своите мегафони тврдеше дека полицијата убивала жени и деца во Куманово, а активистите на СДСМ пред неколку недели на полицијата и посакуваа повторно да им се случел 9-ти мај од минатата година, денот во кој осум македонски херои ги положија животите во борбата со терористите.
СДСМ јавноста ја манипулираше и околу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори во врска со убиството од Смиљковско езеро, помпезно најавувајќи дека „ќе сме ја дознаеле вистината за Смиљковско“ – за на крај самиот Заев да признае дека станувало збор за манипулација и дека во разговорите кои ги има нема никаква „вистина“ околу дознавањето на информации кои јавноста односно органите на МВР веќе не ги знаат.
Со оглед на „случајностите“ кои никогаш не постојат кога се во прашање медиумите на СДСМ и Сорос, логично е утре да се очекува токму Катица Јанева брутално да шпекулира во поткрепа на протестите на СДСМ, за да извадат повеќе народ на улица.
Истото се случи и минатата година кога „спонтано собрани граѓани“ токму после бомбата на СДСМ за случајот со Мартин Нешковси, се обидоа да влезат во владата повредувајќи 38 полицајци.Во нив повикувајќи се на анонимни извори од СЈО, најавуваат прес конференцијата на ова обвинителство која наводно треба да се одржи на годишнината

Пронајдете не на следниве мрежи: