Чоревски се посрамоти со тотално измислена приказна за Груевски

Неодамна актерот Благоја Чоревски во емисијата на Канал 77 присекајќи се на театарот на почетокот во деведесетите, објави дека заслужен за театарската игра на Никола Груевски во една од култните претстави „Грев или шприцер“ е токму тој, откако претходно го замолил за тоа неговиот вујко и прв министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, пишува порталот Вистина.мк.-Тоа повеќе беше на молба на неговиот вујко. „Земи го бе Чоре, земи го“ ми викаше. Но, не е само да го земеш, треба и да носи нешто. Во таа улога што беше, на масите, беше добар, природен беше, се потсети тогашниот директор на Драмски театар, Благоја Чоревски.
Вистина се заинтересира за оваа тема и истражуваше во изминатиот период, особено што Груевски е еден од највлијателните политичари и човек што има особен респект кон театарот и уметноста воопшто. Нашиот тим разговараше со повеќе луѓе кои биле вклучени во театарот во деведесетите и луѓе кои биле непосредни сведоци на неговите почетоци во театарот. Информациите се дека Благоја Чоревски во јавноста произнел целосно погрешна информација.
-Ненавлегувајќи во неговите побуди, а кои лесно може да се заклучат какви се, особено во контекстот во кој што се кажани и периодот кога се кажани, се испоставува дека станува збор за целосно измислена приказна. Вистината е дека Никола Груевски тогаш како млад човек кој се занимавал со спорт, и со изразена љубов кон уметноста, на препорака на неговите пријатели влегува во аматерската театарска дружина на актерот и режисер Мите Грозданов. Грозданов е познат по тоа што подолг период во деведесетите, но и потоа организира аматерски држини спремајќи престави кои потоа се изведуваат ширум државата, пишува порталот.
Како човек од театарот тој има доминантна улога во зародишот на многу успешни кариери на македонски актерки имиња.
-Тој е мој ученик, така самиот декларираше на два пати на телевизија јавно, без јас да знам, што е голема доблест од негова страна. ’92 година јас ја водев покрај другите, покрај театарот што го правев во Гевгелија, Кочани, Кавадарци, Тетово и.т.н., покрај мојот Драмски театар, бидејќи ’93 дури го создадов мојот театар Македонија. Значи, тогаш дојде и Груевски Никола со неговите колеги од студии, јас кој ќе се пријавеше го примав, ја водев тогаш групата Металија. Го донесоа неговите колеги со кои дојде заедно и кој дојде е добредојден, јас она што му одговараше му дадов и играше во претставите што ги правев тогаш со групата, го вклопив секаде. Додека беше со мене беше како што треба. Дисциплиниран, точен на проби, со колегите се однесуваше прекрасно, не се чаламеше, не правеше екцеси, морам да признаам, криво да седам – право да зборам, вели за Вистина Грозданов.
Како талентиран почетник во театарот Груевски во 1991-та година заедно со уште неколкумина од аматерскиот театар Металија настапува во професионалната театарска престава „Чија си“, која како што ќе рече директорот на Драмскиот театар беше првата професионална претстава во независна Македонија.
Веќе кон крајот на 1992 година настанува преставата “Грев или шприцер” по текстот на Сашко Насев, а ја режираше Димитар Станкоски. Во преставата игра токму и Никола Груевски како талентиран и веќе искусен поединец кој имајќи го во предвид спортското искуство и театарскиот талент се вклопува во една од споредните улоги. Претставата беше вистински хит за кој се чекаше на влезница или се гледаше од нога.
-„Грев или шпицер“ е после. Дојде Диме Станкоски -Дебелото, кога ја виде мојата група како јас работам со нив, ја зеде цела група да игра во Драмски театар во „Грев или шпицер“, значи тоа е успехот на таа група што сум ја водел јас. Покрај другите и Груевски играше во Драмски театар, додава Грозданов.
Еден од главните аргументи за невистинитоста и измисленоста на тезите Чоревски дека наводно покојниот Јордан Мијалков ургирал Груевски да игра во преставата е фактот што тоа е и физички невозможно. Познато е дека првиот министер за полиција Јордан Мијалков несреќно загинува на 19 декември 1991 година, а преставата „Грев или шприцер“ почнува да се игра во втората половина на наредната 1992 година.
Значи, пишува Вистина, веќе една година починатиот министер неможел да го замоли Чоревски, со кој патем речено не се ни познавале лично. Ниту Мијалков ургирал, ниту Чоревски имал некакво влијание за актерската улога на Груевски. Познавачите велат дека Никола Груевски уште некоја година, во времето додека студирал економија, бил активен во театарот, по што целосно се определил за неговиот примарен интерес-економијата. Тој подоцна е еден од првите македонски брокери, ка направи првата трансакција на македонската берза, беше прв претседател на македонското здружение на брокери, работеше во приватна банка, и потоа беше еден од најмладите министри, прво за трговија, а потоа за финансии.
-Иако во години, денес веќе не толку актуелен, имајќи во предвид дека е искусен актер, веројатно не ќе да е до меморијата на Чоревски, но јасно е дека човекот ги побркал лончињата, ставајќи се во улога но и пред се во функција на политиката, особено на онаа другата страна, полна со манипулации, местенки, и обвинувања, а притоа непотценувајќи ја и играта на дебели хонорари. Сепак 6 милиони евра за револуција, па макар и платена се многу пари. Имајќи во обзир колку пари се плаќаат, а неможејки на друг начин да го привлече вниманието на јавноста, нема да не изненади, освен со вакви изјави Чоревски да се појави во јавноста и да фрли некој презерватив со боја врз некој од објектите во центарот на Скопје, стои во текстот на порталот.
Извор: Вистина.мк-Тоа повеќе беше на молба на неговиот вујко. „Земи го бе Чоре, земи го“ ми викаше. Но, не е само да го земеш, треба и да носи нешто. Во

Пронајдете не на следниве мрежи: