УМС го промовираше проектот „Нови читални“ во општина Аеродром

На сите млади од Аеродром, УМС на ВМРО-ДПМНЕ им ја понуди на користење импровизираната читална во паркот на познатото Авионче.-Со оваа активност сакаме да им порачаме на сите млади дека јануари 2017 година ќе започне со реализација најавениот проект „Нови читални“. Освен во општина Аеродром денеска исто така и во Велес, Прилеп, Струга а утре во Струмица и општина Центар ќе ја спроведеме оваа активност се со цел да ги потсетиме младите луѓе дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се грижи за студентскиот стандард, иако веќе направивме и реновиравме неколку читални низ Македонија, одлучивме со проектот „Македонија за младите, младите за Македонија“ да најавиме 6 нови читални во 6 општини кои по структура асе студентски општини, или пак се општини каде што има дисперзирани факултети, рече денеска претседателот на УМС, Владимир Нелоски.
Читалните ќе бидат опремени со најсовремени компјутери и компјутерски помагала и ќе бидат место каде што студентите ќе можат да го поминат своето време за учење и тоа во пријатна атмосфера. Во читалните ќе има дела од проектот „1.000 книги“ кои што младите ќе можат да ги користат.
-Освен 6-те читални најавивме и уште една најсофистицирана и модерна читална во општина Центар и тоа на самиот плоштад, која што произлезе од фактот дека читалната 100 книги е многу посета и се јави потреба. Таква читална ќе добијат и младите од Аеродром со што ќе им се заштеди време, вели Нелоски.-Со оваа активност сакаме да им порачаме на сите млади дека јануари 2017 година ќе започне со реализација најавениот проект „Нови читални&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: