Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ни најмалку не е изненадена од последниот обид на Горан Сугарески за манипулација со цел да ја изврти вистината.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на пратеничката група на владејачката партија
Иако Сугарески како и останатите координатори на пратеничките групи во Собранието пред неколку дена беа информирани од страна на Претседателот на Собранието Трајко Вељановски, дека прашањето за одржување на седница за пратенички прашања ќе биде отворено во понеделник на редовна координација, Сугарески на денешната прес конференција глумеше и се обиде да ја претстави СДСМ како партија која што се залага и бара итно одржување на седница за поставување на пратенички прашања. Многу провиден и низок чин од негова страна.
За апсурдноста на оваа прес конференција на Сугарески да биде поголема, целата македонска јавност беше сведок и знае дека пратениците од СДСМ во периодот од година и поливина не доаѓаа на работа, а земаа плата од џебот на граѓаните и со самото тоа пропуштија вкупно 10 седници на кои ќе имаа можност да постават пратенички прашања од интерес на граѓаните. Од друга страна пак, дури и на неколкуте седници за пратенички прашања на кои што СДСМ присуствуваше, тие го злоупотребија правото да постават прашања кои што ги засегаат граѓаните и постојано читаа партиски соопштенија и нарачани прашања од страна на Заев и Шекеринска.
СДСМ не ни може да ги брани интересите на граѓаните во Собранието бидејќи тие ниту ги знаат проблемите на граѓаните, ниту пак се обидуваат преку средби со нив да ги дознаат.
Пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Македонија служи само за да ги одработува наредбите и инструкциите кои што доаѓаат од седиштето на партијата и нејзиното раководство, а не да ги застапува интересите на граѓаните кои што гласале за нив на избори.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на пратеничката група на владејачката партија
Иако Сугарески како и останатите коорди