Попоски: Намалувањето на билатералните тензии дава подобри изгледи за влез во ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски за ТВ Нова изјави дека Процесот за соработка во ЈИЕ за овие 20 години е најдобриот формат преку кој го подобруваме имиџот на нашиот регион.Според Попоски, присуството на земји-членки на НАТО и на Европската унија може да ни ги зголеми шансите за преговори за влез во ЕУ.
„Од наш македонски аспект, многу е значајно што тука се и земји како Грција и Бугарија кои во минатото не секогаш се поврзувале со поддршка за Македонија во овие процеси и мислам дека што повеќе успееме да ги намалиме тие билатерални тензии, тоа подобри ни се изгледите во некое догледно време да добиеме поддршка и за водење на пристапни преговори за членство во Европската Унија“, изјави Попоски.Според Попоски, присуството на земји-членки на НАТО и на Европската унија може да ни ги зголеми шансите за преговори за влез во ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: