Најголемата опозициска партија СДСМ, преку платеничката револуција на соросовата платеничка банда подготвува радикализација на протестите и насилство на улиците, откако не им успеа планот за преземање на власта без избори и без почитување на волјата на народот. Таканаречените шарени револуционери речиси секојдневно заговараат некакво радикализирање на протестите и за тоа насилно сценарио да го спроведат ја повикуваат опозицијата предводена од СДСМ.Последните информации говорат дека во опозициските редови веќе на големо се подготвуваат за вакво сценарио и за тоа веќе имале план како да го спроведат и на тој начин за кратко време да ја рушат легитимно избраната Влада. Медиумите веќе пишуваа дека ваквиот план го спроведува групација на домашни и на странски „идеалисти“ и платеници, засилени со криминалното подземје, затскривајќи се зад опозицијата во нејзината безидејност и тотален колапс на идентитетот.
Таканаречени активисти од левицата, како Мариглен Демири, јавно повикуваа „багеристи“ уште на 13 април, притоа со снимки од Киев каде што со багер се пробива полициски кордон. Мирјана Најчевска, пак, повикува на „партизански активности“ и на блокирање на работата на сите државни институции.
Пред само неколку дена, професорот хулиган Гордан Калајџиев јавно се закани дека ќе паднеле и жртви.
-Ќе продолжиме да маршираме до победа. Се молиме да нема жртви, ни се смеат на ова хипи, со шарена револуција, но нека сфатат дека е тоа предупредување, ако треба ќе паднат и жртви, рече Калајџиев.
Следејќи го развојот на кризата, притисокот за бегство од избори, заложништвото на СДСМ кај чадорот, кај Канвас, Сорос, радикалите од сите страни, странските платеници и идеалисти, нивното дејствување на социјалните мрежи, но и досегашните активности на теренот – иконографијата, насилните провокации кон полицијата и целиот увезен украински фолклор, денот на „молотови коктели“ и на багери кои итаат кон институциите воопшто не е далеку.
Насилство место програма е веќе добро познато сценарио на СДСМ и Зоран Заев. Радикализацијата не е нова карта на Соросовата опозиција, граѓаните ја трпат уште од почетокот на 2013 година. Нема разлика ниту во однесувањето на т.н. творци на јавно мнение, чијашто марионетска улога им е помила од општествената, па забораваат дека на нивна душа ќе се препише доколку се случи нешто од тоа на што повикуваат.
Но, играта со радикализација не е ниту нова ниту непозната за СДСМ, опозицијата и за Сорос. И секогаш со исти барања „за слобода и за демократија“, но не со програма, туку преку говор на омраза и ширење лаги кои единствено носат зло. Радикализацијата е во игра уште од 2013 година кога СДСМ го блокираше сообраќајот на крстосниците во Скопје и бараше „трпение и разбирање од граѓаните на Скопје за блокадите“ зашто тоа го правел „за враќање на демократијата“. И тогаш имаше лидерски средби, и тогаш СДСМ бегаше од избори. Ниту тогаш радикализацијата го спаси СДСМ на избори ниту, пак, сега ќе го спаси.Последните информации говорат дека во опозициските редови веќе на големо се подготвуваат за вакво сценарио и за тоа веќе имале план како да г