Изведување на терористички акти и жртви низ цела Македонија беше цел на терористичката група

Изведување на терористички акти и жртви низ цела Македонија беше целта на терористичката група која македонските ебзбедносни сили ја разбија пред точно една година во кумановската Дива Населба.  Во првичните разговори со  лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели, кои би започнале со спроведување од средината на мај.Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на месец мај.
Според информации од истрагата кои беа објавени во медиумите, терористите во Дива населба во првите денови од месец мај се договориле за закуп на четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор за 5.000 евра.
Во Македонија почнале да влегуваат околу 7-ми мај, а дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на тој месец.
Најопасната терористичка група на Балканот по повеќе од 24 часовна борба беше неутрализирана.  Дел од приведените терористи беа лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце. На полицијата и се предадоа тројца од лидери на оваа група.Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици.

Пронајдете не на следниве мрежи: