АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР, ГНЕВ НА УЛИЦИ: ВМРО да ја напушти владата!

По многу „силните“ изјави на Ахмети и Тачи кои за помалку од еден ден се смирија на ниво на шепот поради црвените уши и обравчиња, се поочигледно е дека странците притискаат избори на 5-ти јуни да не се одржат, во државата да се предизвика голема криза и конфликт, пренесува Инфомакс.Ако се земе во предвид дека Пржинскиот договор и сите помпи околу доаѓањето на Хан во Скопје, средбите во висок формат беа само поради одржување на предвремени избори, тогаш логично е да заклучиме дека ако три од четирите партии не сакаат да излезат на избори, тогаш договорот од Пржино нема ни основа да биде валиден и важечки.

„Се гледа дека опозицијата нема намера да оди на изборите бидејќи ќе ги загуби уште со поголема разлика од 2014-та. Затоа што народот гледа дека зад Заев стои проект за уништување на Македонија, промена на име и федерализација на државата. Ова тој самиот отворено го изјавува во неговите интервјуа, дали во Македонија или пак од Приштина.  Странскиот фактор кој што со него е длабоко замешам е до гуша во кал и сега веќе не е можно да се извлечат без штета по нивните држави. Одамна е зад нас вообичаеното дипломатско однесување и ние сме на праг на хаос. Тоа Ванхојте отворено го изјави во последното негово интервју. Иако тој не е веќе “официјално” ангажиран. Сепак очигледно е дека е ангажиран за креирање на хаос. По примерот на Белгија. Излез е можен само со избори. Мора да се потврди легитимитетот на народот. А народот гледа дека му се негира правото на избор токму од странците. Во спротивно ќе имаме навистина хаос. Кој најверојатно ќе се прелее надвор од нашите граници..“ – вели директорот на Државниот архив, екс-пратеник и конзул на Македонија во САД Филип Петровски.

Имено, во условите за предвремени парламентарни избори кои оригинално беа закажани за 24-ти април, беа наведени техничката влада и оставка на легитимно избраниот премиер Никола Груевски 100 дена пред изборите, прочистување на избирачкиот список, договор за уредување на медиумскиот простор, формирање на Специјално јавно обвинителство кое ќе ги истражува нелегално стекнатите снимки кои СДСМ ги доби од „чадорот“. -Буквално сите овие услови беа исполнети, па и дополнети. Груевски не е премиер веќе 115-дена, техничката влада задолжена за спроведување на изборите е нешто постара,  Избирачкиот список е кристално чист со само еден или двајца спорни гласачи кои беа избришани од избирачкиот список и повеќе немаат право на глас. Се формираше СЈО, кое функционира со 4 милиони евра годишен буџет (поголем од било која институција од таков капацитет). Ако сето ова е исполнето, останува уште сите четири партии да излезат на избори. И, тука е проблемот. Освен ВМРО-ДПМНЕ кое очигледно е единствената партија која се занимава со националните интереси, другите три тоа не ги интересира, ги интересира само што ќе им кажат од амбасадата на Калето и теснопартиските интереси. Во ваков случај, ако сите услови за избори се исполнети, а актерите не сакаат да излезат да си ги одмерат силите, тогаш Договорот е неважечки. – вели екс-помошник министерот за внатрешни работи Наталија Ивчева.
Во овој случај, она што останува согласно договореното е да се отповика договорот и да се прогласи за неважечки, а ситуацијата да се врати во состојба пред договорот. Тоа би значело, укинување на СЈО кое и онака е неуставно, отповикување на техничката влада за избори и враќање на легитимната на чело со Никола Груевски, и конечно да почне да важи законот за Заев, Верушевски, Шеќеринска, Спасовски и за сите оние против кои има кривични пријави, или сознанија дека учествувале во анти-уставни активности.
„Едноставно, бидејќи нема да има избори поради трите од четирите потписници на договорот од Пржино, единствено решение е враќање на поранешната состојба, онаа од пред Пржинскиот договор. Она што може да се искористи е извештајот на Прибе за реформите во повеќе области. Се разира, доколку опозицијата остане во парламенотот. За редонвите избори ќе бидат створени кристално чисти услови за одржување на парламентарни избори во редовниот термин во 2018 година“ – објаснува универзитетскиот професор Александар Даштевски.
Укинувањето на СЈО и не е некоја реална опција, имено од извори директно инволвирани во преговорите дознаваме и дека постои и трета варијанта која досега никој не ја споменува. Имено, доколку ниту еден од овие услови не се исполни, постои голема веројатност ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти владата, а Заев со поддршка од странците заедно со албанските партии да формира анти-македонска, малцинска влада со премиер или претседател Албанец, одредени суштински министерства да бидат под капата на ДУИ и ДПА.
Министерства како МВР, МНР или финансии да бидат во рацете на ДУИ и ДПА, па дури и кај радикалната БЕСА. Доколку пак, не добијат министер на МВР, повеќе од сигурно е дека на Албанците ќе им припаднат директорските места во УБК и БЈБ. Ова би значело дефинитивно продлабочување на кризата и излевање на десеткратно повеќе гнев на улиците, бидејќи благодарение на Заев Македонците ќе ја загубат власта во сопствената држава и ќе ги претставува малцинска партија. Ваквата варијанта пак, за странците е неприфатлива во овој момент бидејќи тоа значи и дефинитивна ескалација на состојбите во Македонија и дебакл на сите нивни политики.Ако се земе во предвид дека Пржинскиот договор и сите помпи околу доаѓањето на Хан во Скопје, средбите во висок формат беа само поради одржување на

Пронајдете не на следниве мрежи: