Лицемерната политика која веќе стана одлика на најголемата опозициска партија СДСМ се потврдува и со последните нивни постапки. Имено, додека наутро се поклонуваат на гробот на Гоце Делчев, попладне опозициските вандали ги фарбаат и уништуваат спомениците на револуционерите.По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ денеска оддаде признание на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност. Ваквиот чекор секако е за поздравување, но не може а да не се забележи лицемерието на СДСМ, партијата која стои зад сквернавењето, фарбањето и уништувањето на спомениците на револуционерите изминатиов период.
Додека наутро наводно оддаваат почит и признание, нивните вандали попладне во сите сили атакуваат врз обезличување на овие спомен-обележја, што само уште еднаш потврдува колкав е степенот на лицемерие во редовите на опозициската партија.
Изминативе денови, беа уништени низа спомен-обележја на македонските револцуионери, меѓу кои споменикот на АСНОМ, релјефите на Порта Македонија, релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски, Григор Прличев и низа други.
По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ денеска оддаде признание