ДИК со одговор до Оливер Спасовски и невладините организации

Државната изборна комисија им одговори на невладините организации кои нивната работа ја оценија како нетранспарентна.Членовите на ДИК му одговорија и на техничкиот министер Оливер Спасовски кој со индивидуално писмо до секој член ги повикувал да ги избришат од избирачкиот список сите оние кои имаат само важечка патна исправа, а личната карта им со истечен рок.
Квалификациите на МОСТ И ЦИВИЛ за нетранспарентност поради ненавременото поставување на избирачкиот список на веб страницата, од ДИК со 7 гласа за и ниту еден против ги прогласија за шпекулативни.
Силвана Бонева која во ДИК го претставува ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Спасовски намерно сакал да им подметне податоци со кои би се избришале над 130.000 граѓани кои имаат само важечка патна исправа.
Целта на Спасовски, според Бонева е на таков начин да се одолговлечат изборите но и да се подбуцне гнев кај оние кои ќе бидат избришани.
Со 6 гласа за и 1 против членовите на ДИК му одговорија на Спасовски дека тие постапувале согласно изборниот законик во кој е предвидено освен тие со важечка лична карта во избирачкиот список да бидат и оние со важна патна исправа.Членовите на ДИК му одговорија и на техничкиот министер Оливер Спасовски кој со индивидуално писмо до секој член ги повикувал да ги избришат од изб

Пронајдете не на следниве мрежи: