Скопското обвинителство бара информации од СЈО и МВР за Крпач

Од прес службата на Јавното обвинителство за Телма потврдија дека во текот на денот до три институции се доставени барања за информации потребни во истрагата за смртта на Коста Крпач, сведокот на СЈО.-Основно Јавно Обвинителство Скопје достави барање до Специјалното јавно обвинителство, до МВР и до Основниот суд Скопје 1 во врска со обезбедување на податоци и документација потребна за расветлување на настанот, соопштија од прес службата на ЈО.
Скопското обвинителство потврди дека ги очекува дополнителните наоди кои ги побара откако минатата среда во стан во скопски Центар беше откриено телото на 40-годишниот Коста Крпач со прострелна рана во градите.
Обвинителството досега не соопшти дали станува збор за убиство или самоубиство како што првично беше објавено.
Крпач бил сведок на Специјалното јавно обвинителство, но претседателот Иванов го стави и на списокот за аболиција со 56 имиња на функционери, политичари, разузнавачи, полицајци и бизнисмени (најголем дел од нив поврзан со истрагите на СЈО).-Основно Јавно Обвинителство Скопје достави барање до Специјалното јавно обвинителство, до МВР и до Основниот суд Скопје 1 во врска со обезбедување

Пронајдете не на следниве мрежи: