ЈАВНА ТАЈНА: Пиштоли наместо пенкала за денот на изборите!

Вештачки наметнатата политичка криза во Македонија наметната од соросоидните ботови и странскиот фактор преку СДСМ и Зоран Заев користејќи ги меѓународните фондови како УСАИД и фондацијата Отворено Општество ја ставија Македонија на истата листа меѓународно кризни жаришта со Сирија и Азербејџан (Нагорно – Карабах) каде во моментот се водат крвави војни, пишува Инфомакс.Дека политичката криза во Македонија прераснува во безбедносна е повеќе од јасно уште од моментот кога (не земајќи го во предвид терористичкиот напад од Куманово минатата година) кај Сува Река во близина на македонско-грчката граница беше извршена инвазија на македонската територија од страна на мигрантите организирани од странски невладини организации главно од Германија и Италија, во соработка со грчки и македонски. Целта на таа инвазија беше предизвикување на сцени на кои полицијата ќе биде сценирана како насилна, а тие фотографии да предизвикаат меѓународен интерес со цел повикување на меѓународна интервенција во државата.
Сценариото не успеа, а претседателот на државата Ѓорѓе Иванов отворено призна дека истите луѓе кои ја организирале оваа инвазија биле забележани на насилните протести во Скопје каде што се демолираа споменици на културата, објекти на државни институции и се фрлаше боја врз македонската историја.
Сето ова беше проследено со интензивна поддршка од страна на 113-та бригада на ветерани од УЧК, БЕСА (радикална исламистичка организација), терористите на АНА од Косово кои со видео порака признаа дека се спремни да влезат во Македонија, албанската дијаспора чиј претседател призна дека разговарал за федералзиација на Македонија со Зоран Заев, средбите на Заев со Имер Селмани на кои се разговарало за радикализирање на протестите, но и поддршката од страна на пропагатори на тероризмот на Хамас и Ал Акса во Македонија.
Денес, и директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев исто така предупреди дека Македонија се соочува со безбедносни ризици како од повратници од боиштата во Сирија и Ирак, така и од домашни екстремистичко-терористички групации.

„Се соочуваме со неколку закани, како што се повратниците од Сирија и Ирак, потоа мигрантите, но и со една внатрешна закана, а тоа се криминално-екстремистички групи кои се незадоволни од својата позиција во оштеството и кои поради лични интереси може да ја дестабилизираат земјата.“ – вели Чулев.
Аналитичарите сметаат дека идејата на странскиот фактор е неодржување на изборите, или непризнавање на изборниот резултат преку заплашување на народот со насилни сценарија за денот на изборите. Според одредени безбедносни експерти не се исклучува и сценариото дека на денот на изборите можно е сценирање на вооружени престрелки со цел делегитимирање на изборниот процес и негов прекин, со што државата би била втурната во дефинитивен безбедносен хаос, а како решение да се повика формирање на „техничка влада за спас“ по примерот на 2001 година која знаеме како неславно заврши.
Со сличен став е и директорот на Управата за Безбедност и Контра разузнавање Љупчо Андоновски кој вели дека УБК во моментот има сознанија за радикални структури кои се закана за безбедноста на државата.
– „УБК како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и заштита на уставното уредување, протестите ги следи и ги анализира од аспект на нивна можна злоупотреба од страна на поединци или групи, поддржувачи на радикални екстремистички идеологии, насочени кон сериозно нарушување на безбедноста преку извршување разни форми на насилство, меѓу кои и терористички акти. Не е прв пат државата да се соочува со нарушувања на јавниот ред од ваков обем. Сите паметиме што се случуваше минатиот мај. На 5 мај имавме масовни насилни протести пред Владата на Р. Македонија кога беа повредени 40-тина полициски службеници. Тоа во голема мера влијаеше на заслабување на полициските капацитети за справување со многу посериозниот предизвик по безбедноста на државата, односно заканата од уфрлање на криминално-терористички групи.“ – вели Андоновски.
Информациите дека во Македонија се почесто влегуваат екстремистички групации од околните држави, како и помеѓу мигрантите кои нелегално преминуваат на територија на Македонија минатата недела изнесе и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој во гостувањето на утринската програма на ТВ Сител објави информација во која тврдеше дека во Македонија нелегално влегла екстремистичко-терористичка група која имала за цела вооружен напад на Македонските институции од страна на Косово.

Ваквите претоставки ги потврдува и новинарот Миленко Неделковски кој вели дека во Македонија се повторува ситуацијата од пред 15 години, кога бевме прогласени за безбедносен проблем иако во Македонија немаше никакви проблеми, се до моментот кога благодарение на Тупурковски Македонија не ја загуби Кинеската поддршка во ОН и на тој начин се отвори северната граница за слободен премин на терористички организации во Македонија.
„Нам, на Македонија и Македонците, ни се повторува ситуацијата од пред 15 години, но и од времето кога СДСМ прифати референца ФИРОМ, кога бевме прогласувани за безбедносен проблем, и како таков бевме ставани на масата на Советот за безбедност на ООН. Тогашните антимакедонски импалнти од типот на Васил Тупурковски издејствуваа кај наивната ВМРО да биде признаен Тајван, по што Кина се повлече од проектот за заштита на нашата граница кон Србија (Косовскиот дел). Така беше отворен чист простор за влегување на исламските терористи од Косово и Метохија.
Сега на сцена е повторниот обид за прогласување на Македонија за “кризно жариште“ заедно со територии кои не се ниту до колена на Македонија како економски просперитетна држава која ги почитува сите граѓански и човечки права. Се прават сите напори мирољубивата Македонија повторно да биде представена како безбедносен проблем. Овој пат го немаме Васил Тупурковски кој се шлепаше на гласачкото тело на ВМРО во 1998-ма. Тука, на негово место, сега е Зоран Заев кој сака да влезе во Владата без да добие мандат и доверба од народот. Наша среќа е што на местото лидер на ВМРО е Никола Груевски, а што на местото Претседател е Ѓорѓе Иванов. Со сите забелешки кон нивното, пред се она на Иванов, водење на државата, тоа се двата столба на кои сега се држи целата нација. “ – анализира новинарот Миленко Неделковски.
Со слично размислување е и Директорот на републичкиот архив др.Филип Петровски, кој своевремено беше и конзул на Македонија во САД, но и пратеник
во Собранискиот состав од 1998 до 2002 година, кога во Македонија се случуваше слично сценарио на ова денешното, кое како што знаеме заврши со воен конфликт и капитулација на државата преку таканаречената „Широка влада за спас“.
-Пo сетo oнa штo се гледa кaкo се рaзвивaaт рaбoтите и вo кoјa нaсoкa се вoди пoлитичкaтa кризa стaнувa јaснo декa нaмерaтa е вo Мaкедoнијa дa се сoздaде хaoс. Именo, Вaнхoјте кoј oдaмнa беше прoчитaн oд јaвнoстa декa рaбoти сaмo зa еднa стрaнa и е тукa зa дa ги зaмрси рaбoтите, сaмиoт вo свoетo пoследнo интервју вo “незaвисниoт” Фoкус нaјaви сoздaвaње нa хaoс. Oткaкo нa силa вo Пржинo се нaметнa симнувaње нa легитимнo избрaн премиер нa кристaлнo чисти избoри стaнa јaснo декa целтa е дa се зaкoчи држaвaтa и сите институции. Сегa е нa ред и претседaтелoт Ивaнoв кoј е истo тaкa легитимнo избрaнa институцијa – вели др. Филип Петровски за Инфомакс.
Дека ова е можно сценарио се зборува и во новинарските но и полициски кулоари, но никој отворено не сака да каже. Сепак, меѓу граѓаните веќе се шират овие информации па реакциите стануваат се позабележителни, особено на социјалните мрежи. Така и претседателот на здружението на бранители од Куманово на својот ФБ профил претпоставува:

Ваквото сценарио не е незабележано или преседан во ваквиот вид дејствување на странскиот фактор во државите во кои тие се заинтересирани за промена на легитимно избраните влади. Имено, ваков сличен чин беше организиран и во Западна Украина, каде што денот на изборите помина со неколку мртви и повредени, а изборите беа прогласени за нелегитимни, па беше побарано прегласување при што на следното гласање очекувано победија фаворитите на тамошниот „чадор“. Впрочем, Македонија веќе преживеа едно вакво сценарио во 2001-та година.
 – И во 2001 година на терористичкиот напад на Република Македонија му предходеше афера на прислушување . Тогаш Бранко Црвенковски обелодени стенограми од прислушувани разговори на политичари, дипломати, новинари, а македонската јавност  беше разбранувана, беше расцепкано македонското општество, а неколку месеци после тоа државата капитулира пред 100-тина терористи дојдени од Косово, а претставени како македонски борци за слобода и права. Како и сега и тогаш тоа беше под покровителство и поддршка на странските служби – тврди екс-помошник министерката во МВР задолжена за меѓународна соработка Наталија Ивчева и додава – Иако безбедносните сили тогаш беа подготвени да ги „решат“ за неколку дена, неодговорноста или замешаноста на тогашната Влада, дозволи тие да стигнат до Скопје . Во сите случаи кога македонската војска ги притиснуваше терористите, а акциите беа повеќе од успешни со крајна цел уништување на терористите, петоколонашите во тогашната Влада влијеа за да бидат прекинувани од страна на тогашниот Врховен командант под притисок на САД и НАТО, кои добиваа безрезервна поддршка од тогашниот премиер Љубчо Георгиевски кој беше „капитулирачки“ расположен.
Како да се надмине и отфрли ова сценарио?
Едноставно, денот на изборите треба да биде со масовна, историска излезност со што би се отфрлил секаков обид за спроведувањето на ваквото сценарио. Масовноста би ги елиминирала сите обиди за манипулации и фалсификување на резултатите но и би ги нулифицирале обидите за насилство.
„Единствен излез oд oвa сoздaвaње нa хaoс се избoри. Сo нив ќе се стaви тoчкa нa oвaa циркузијaдa. Нaрoдoт не гo купувa тoa штo квислинзите гo прoдaвaaт“. – вели Петровски во својата кратка анализа.
Сепак, соросоидите заедно со Заев и СДСМ сеуште продолжуваат со манипулациите и лагите дека не тие, туку ВМРО-ДПМНЕ сака насилство и неодржување на избори, иако во повеќе наврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски постојано повикува на избори. За воља на вистината, отстапките кои ги направи и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа во полза само на опозицијата, имено тие ги добија клучните институции како МВР и министерството за труд и соцјијала, контролата над ДИК, а згора на тоа беше прифатена и техничка влада со мандат за спроведување на изборите и оставка од легитимно избраниот премиер.
„Манипулацијата на соросовите и другите странски режисери е провидно. Насилство нема ниту од еден член на ВМРО, симпатизер или гласач на Никола Груевски. Не, сета агресија и насилство е од страната на внесени странски платеници (исто како и во Украина, Сирија, Либија, Унгарија…) и од страна на НВО-ата платени од Џорџ Сорос, во Македонија нема криза, ниту жариште, ниту небезбедност – со исклучок на 2-3 илјади луѓе што за дневница од 1.000 до 6.000 денари вандализираат се околу себе. 
Уште еднаш да појаснам и да понудам странските набљудувачи да прогледаат: Македонецот е самосвесен и интелигентен. Македонецот гледа дека постојано се прават обиди за провокација што ќе го извадат гневниот народ на улица, па тогаш навистина да настанат нереди со несогледиви последици. Македонецт е интелигентен. Гледа дека егзекуцијата на Смилковско во ноќта пред Големиот христијански празник е намерна провкација. Македонецот гледа дека нападот на куќата на Христо Узунов во Охрид, на плочите што го покажуваат континуитетот на Македонскиот идентитет (мајките и деца бегалци од Беломорска Македонија, Илинденците, основачите на ВМРО, Заседанијата на АСНОМ…) – се намерни. Провокации што си играат со нервите на народот.  
Народот има самоконтрола. Но има верба и во лидерството на Никола Груевски. Груевски од партиски прерасна во сенароден водач. Тоа странците го знаат и гледаат и токму затоа се обидуваат да го скршат овој човек.
Но, Никола не е Љупчо, не е Бранко, не е Борис.“ – додава новинарот Миленко Неделковски во коментар за Инфомакс.
Со сличен коментар за решение на оваа закана излезе и екс-помошник министерот во МВР задолжен за меѓународна соработка Наталија Ивчева, која вели дека сценариото е веќе видено и посведочено во 2001 година кога на власт без избори дојде СДСМ, а позициите ги искористија за лично богатење и продавање на националните интереси.
„Во 2001 година без никаков отпор се прифати техничка Влада со министри од СДСМ кои добро си се укотвија во фотелјите и кои без избори си дојдоа на Власт , си ги искористија функциите за лично богатење, шверц и потоа ја земаа власта за да им судат на бранителите на оние кои стоеја на браникот на државата.  Не постои некој кој не ги гледа намерите и крајната цел на Заев кој со помош на буџетите на Сорос и УСАИД пропагира федерализација на Македонија. Неговиот став да не се оди на избори е повеќе од очекуван, а доколку се истрае и успее да се оддржат изборите на 5-ти Јуни нормално е да се очекува дека нема да се дозволи тие да бидат легитимни и мирни, бидејќи изборниот резултат е познат уште сега, а тоа според сценариото не треба да се случи“ – вели Ивчева и додава дека во Македонија не се игра на картата на стабилизација, туку напротив, откако било утврдено дека Груевски ја има апсолутната поддршка од граѓаните, единствената шанса за намалување на неговиот рејтинг и влијание е предизвикување на конфликт. „Но, како што ќе каже и Миленко Неделковски, Никола Груевски не е ниту Љупчо, ниту Бранко ниту Борис“ – заклучува Ивчева.
„Деновиве дојдовме до сознанија за вештачко исценираната криза од страна на опозиција, до повеќе сознанија отколку што добивме во текот на целата година. Прво лидерот на опозицијата отворено кажа дека одлуката на претседателот ќе предизвика Украинско сценарио. Во исто време започнаа насилни протести, каде што се уништуваше приватен и јавен имот, за на крајот да се демолира и канцеларијата на Иванов и Министерството за правда. На крајот демонстрантите својате неуспешна „револуција“ ја нарекоа шарена уништувајќи споменици и објекти на институциите. Протестите секако ќе се случеа, со или без одлуката на Претседателот, бидејќи тие и претходно беа најавени како дел од планот за дестабилизација. Видовме и учество на странски платеници, водачите на хуликаните диктираа „ајмо звиждаљке“. Деталите на Мирка Велиновска пак тотално ги отрки деталите за обоената револуција. Имињата и презимињата на сите кои го организираат сценариото, невладините кои учествуваат во тоа, за на крајот да добиеме и два текста од САД и Италија во кои познатиот политичар Волонте, не само што го објасни обидот за обоена револуција туку смета и дека во Македонија мора да има избори, и дека не смеат да бидат одложени поради малиот рејтинг на опозицијата“ – вели универзитетскиот професор Александар Даштевски.
Во овој момент сите сценарија се отворени, клучна цел е да останеме смирени и сите заедно на 5-ти јуни масовно да излеземе на гласање, бидејќи само така ќе го запреме процесот на спроведување на сценариото за предизвикување конфликт.Дека политичката криза во Македонија прераснува во безбедносна е повеќе од јасно уште од моментот кога (не земајќи го во предвид терористичкиот нап

Пронајдете не на следниве мрежи: