Двојните аршини на специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева излегуваат на виделина. Истото ова јавно обвинителство кое бараше претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач, не побара од судот да биде издадена наредба за претрес кај Зоран Заев, кој не беше ниту сведок, туку осомничен во случајот „Пуч“, а доцнеше со предавањето на прислушуваните материјали.Специјалното јавно обвинителство призна, а Основниот суд Скопје 1 потврди дека на барање на Специјалното јавно обвинителство бил извршен претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач. Праксата не познава случаи во кои вооружени алфи вршеле претрес во дом на сведок кој сам им пристапил на органите на прогонот и одлично соработувал со нив како што за Специјалното обвинителство бил и Коста Крпач. Соопштението до Судот е само потврда дека врз Крпач бил вршен притисок и тортура.
-На почетокот на месец април 2016 година од страна на Судија на претходна постапка организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, Судија на претходна постапка организиран криминал и корпуција има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Р.М. од две фирми ( меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува К.К. ) за кој настан во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер на Р.М. е под опсада“, информираа од Основниот суд Скопје 1.
СЈО молчи за двојните аршини на Катица Јанева
После ова, во јавноста нема дилеми дека СЈО вршело претрес во домот на Крпач и се поставуваат низа други прашања за кои се обидовме да добиеме одговори од СЈО.
Зошто СЈО не побара од судот да биде издадена наредба за претрес кај Зоран Заев, кој не беше ниту сведок, туку осомничен во случајот „Пуч“, а доцнеше со предавањето на прислушуваните материјали и дали СЈО ќе побара наредба за претрес кај Заев кога целата јавност знае дека постои разлика од околу 500.000 материјали кои Заев тврдеше дека ги предал, а ги нема во СЈО?
Одговор на овие две прашања се обидовме да добиеме од СЈО, но засега нема никаква повратна информација од јавното обвинителство со кое раководи Катица Јанева. Час и половина по испратените прашања, од СЈО нема никаков одговор.
Специјалното јавно обвинителство не кажува што значи разликата меѓу 1 милион и 50-те илјади разговори, за кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврдеше дека и ги предал на обвинителката Kатица Јанева и безмалку 500 илјади фајлови што СЈО рече дека ги примила од него.
ОЈО бара податоци и документи за целосно расветлување на случајот
Се обративме и до Основното јавно обвинителство (ОЈО) за тоа дали има нови детали поврзани со случајот за Крпач и до каде е истрагата за истиот. Портпаролката на ОЈО Елизабета Недановска вели дека ОЈО испратило барања до СЈО, МВР и Основниот суд Скопје 1- Скопје за да се обезбедат податоци и документи кои имаат за цел расветлување на целиот настан.
-Основното јавно обвинителство Скопје испрати барања за да им бидат обезбедени и доставени податоци и документи во врска со случајот со починатото лице Коста Крпач. Барањата се испратени до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, до Министерството за внатрешни работи и Основниот Суд Скопје 1- Скопје. Бараните податоци и документи имаат за цел расветлување на целиот настан, информираат за КУРИР од Основното јавно обвинителство.
Во медиумите веќе беше објавено дека Основното јавно обвинителство Скопје издало наредби за дополнителни анализи и вештачења во врска со случајот со смртта на Крпач. По наредба на јавен обвинител телото на Крпач беше предадено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.
– Обвинителството ги чека и резултатите од обдукциониот наод од Институтот за судска медицина и криминалистика. Откако ќе бидат добиени резултатите од сите анализи и вештачење, Основното јавно обвинителство Скопје ќе излезе со официјално соопштение и одлука што ќе биде преземено понатаму во врска со овој случај, изјавија вчера за Вест од Основното јавно обвинителство Скопје.
Порталот „Журнал“ објави дека надлежниот јавен обвинител деновиве ќе ги повика одговорните од СЈО за да ги образложат своите постапки и сомнежите за притисоци врз Крпач. Надлежниот ЈО веќе прибавил исказ од неговата сопруга, како и од други лица кои биле во контакт со Крпач. Коста Крпач не е првиот за кого се говореше дека е жртва на тортура и малтретирање од страна на СЈО. Според досега потврдените информации досега се поднесени поголем број кривични пријави за малтретирање во служба против обвинители и истражители од тимот на Катица Јанева.
Како најбрутални беа споменувани Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи. Дали некој од оваа тројка го водел и случајот на Коста Крпач, засега се крие во СЈО. Според пријавите кои тогаш граѓани ги поднесоа се тврдеше дека обвинителите и истражителите преку закани, па дури и со покажување на оружје се обидувале да изнудат невистинити изјави од повиканите.
Најмаркантен случај беше кога на лице, кое подоцна бесе осомничено, му било нудено да биде сведок на СЈО и за тоа му се предлагал поткуп од 100.000 колку што чинела лажната изјава. Овој кривичен предмет е веќе во суд. Исто така, забележителен случај беше кога судија од Управен суд до судскиот совет и советот на обвинители пријави дека од обвинител од тимот на Катица Јанева бил повикан во угостителски објект каде што му биле упатувани закани.
Во однос на останатите предмети кои ОЈО ги води против специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Лиле Стефанова, од државното обвинителство велат дека со одлуката за аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов сите постапки се запрени и дека досега споменатите не се појавиле да дадат изјава.
Нема одговор на суштинските прашања
Суштинските прашања на кои што за жал се уште нема одговор се зошто СЈО наредиле претрес во домот на Коста Крпач? Дали тоа морало да се случува пред очите на неговото дете, сопругата, соседите? Што нашле за време на претресот? Зошто доколку СЈО немал намера да го гони Коста Крпач би им пречело прекинувањето на постапката од страна на претседателот Ѓорге Иванов?
Универзитетскиот професор Оливер Андонов во својата најнова колумна пишува какво ли потценување кон сопствениот народ имаат Заев и СЈО кога може со мирна душа да испраќаат соопштенија во кои самите велат дека некој доброволно им се понудил за соработка и одлично соработувал со нив, а од друга страна му вршеле претреси по дома пред неговата сопруга и дете.
-Кога со оружје упаѓаш во сред ноќ и вознемируваш нечие семејство, кога се закануваш, а тврдиш дека тој бил одличен соработник, се поставува прашањето како се однесуваш кон некој кој не е доброволен сведок или не соработува според очекувањата. Надлежниот Јавен обвинител ќе мора да ги расчисти овие дилеми и секој што си терал сопствена, нарачана правда надвор од законот, да одговора. Јавноста чека одговор, зошто по налог на Катица Јанева во ноќно време биле испраќани АЛФИ да упаѓаат кај Крпач? Зошто доколку имале сознанија дека наводно постоеле притисоци врз Крпач, тоа го криеле, а правеа десетици театрални прес конференции? Дали тоа е навремено пријавено било каде? Одговорот овој пат не се очекува од СЈО. Јавноста виде дека СЈО лаже и манипулира. Овој пат одговорот се очекува од надлежниот Јавен обвинител кој треба да ги утврди околностите за смртта на Коста Крпач. Се зборува дека кога побарал стручна помош , Крпач кажал се што го мачи. Овој пат тие белешки не смеат да исчезнат или да бидат сменети, кој и да е чадорот. Колкава и да е неговата моќ, таа не е поголема и повредна од човечкиот живот, пишува Андонов.Специјалното јавно обвинителство призна, а Основниот суд Скопје 1 потврди дека на барање на Специјалното јавно обвините