Совет на Европа: Бојкотот на изборите не е конструктивен пристап за добро владеење и е спротивност на демократијата

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) соопштува дека бојкотот на изборите не е конструктивен пристап за добро владеење и е во спротивност со правилата на демократијата. Делегацијата посочува дека сите политички партии, првично, споделувале исто мислење дека предвремени избори ќе бидат единствениот начин за решавање на тековната политичка криза и додава дека жали за одлуката на СДСМ за бојкот на изборите и изразува загриженост поради позицијата на албанските партии ДУИ и ДПА кои размислуваат за бојкот на изборите.Сите политички сили од Македонија да покажат одговорност кон изборите и да го спроведат договорот од Пржино, се наведува во соопштение Делегацијата на ПССЕ, која во изминатите два дена во Скопје правеше проценка за предизборната атмосфера за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
Делегацијата ги повикува сите страни целосно да го спроведат договорот од Пржино, кој, како што оценува, нуди пат за да ја извлече земјата од кризата и системски решенија на долгорочен план. Повикува да се постигне политички договор за да се обезбеди непречено изборната кампања, за да се покаже одговорност и отчетност во намалување на тензиите во општеството, во интерес на граѓаните, а за доброто на стабилноста на земјата.
Делегацијата, предводена од Стефан Шенах (Австрија, СП) во соопштението потсетува и дека предвремените избори беа свикани во рамки на спроведувањето на Договорот од Пржино за кој посредуваше ЕУ со цел да се стави крај на политичката криза што уследи по претседателските и на почетокот на парламентарните избори во април 2014, откако главната опозициска партија ги оспори резултатите и го бојкотираше Парламентот до септември лани.
Предизборната делегација на ПССЕ беше во Скопје на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија. Делегацијата во која покрај Шенах се наоѓаат уште шест други негови членови: Франк Ј.Јенсен од Норвешка (Народни парти), Еерик-Ниелс Крос (Естонија- Либерали), Том Пакален (Финска), Андреј Хунко (Германија, Обединета левица). Лис Кристоферсен (Ноорвешка, социјјаситичка група) и Валериу Гилетчи (Молдава, Народни партии), имаа средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, како и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломасткиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
За изборите за јуни ПССЕ ќе испрати 22-члена делегација за набљудување на гласањето.Сите политички сили од Македонија да покажат одговорност кон изборите и да го спроведат договорот од Пржино, се наведува во соопштение Делегацијата

Пронајдете не на следниве мрежи: