Граѓанското здружение за одбрана на Македонија е здружение на патриоти чија основна задача е да се сочува Македонија, порача писателот Петре Димовски на вечерашниот протестен собир на ГДОМ во Битола.Според Димовски, писателите творат, создаваат за да ја збогатат националната култура на својата земја без која една држава не може да постои.
– Низ вековите се покажа дека Македонија е пиреј кој не може да се истреби. Сега не станува збор за политичките партии туку станува збор за опстанокот на Република Македонија, на Македонецот кој е библиски народ, рече Димовски на протестниот собир на ГДОМ во Битола.
Протестниот марш на ГДОМ и вечерва почна од пред Офицерскиот дом, а заврши на плоштадот „Магнолија“ во Битола.Според Димовски, писателите творат, создаваат за да ја збогатат националната култура на својата земја без која една држава не може да постои.