Грција се обрати до ЕУ и НАТО во врска со киднапирањето на епископите во Сирија

Грција ги презема сите мерки за ослободување на двајцата епископи грабнати во Сирија, челникот на локалната епархија на Сириската Маронитска црква, Јохана Ибрахим и епископот на митрополијата во Алепо на Грчката православна црква, Павле Јазиги, соопшти во средата портпаролот на грчката влада, Симос Кедикоглу.

 Премиерот на Грција, Антонис Самарас, побарал од министерот за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос, кој е во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, да ги преземе сите мерки за ослободување на епископите. Премиерот и шефот на грчката дипломатија имале телефонски разговор со патријархот Антиохиски, Иоан, и го увериле во целосната поддршка од грчката влада, се вели во соопштението што го пренесуваат тамошните медиуми во вторникот.
„Министерот за надворешни работи го активираше механизмот за управување со кризи и министерството за надворешни работи ја информираше Европската служба за надворешни дејства, како и колегите од другите земји кои можат да помогнат во ослободување на киднапираните. Министерот, исто така, оствари телефонски разговор со новиот шеф на сириската опозиција, Џорџ Сабра, кој увери дека веднаш ќе дејствува тие бидат пронајдени и ослободени. На денешната средба на министрите за надворешни работи во Брисел, на којашто ќе се разговара и за ситуацијата во Сирија, министерот за надворешни работи ќе ги информира своите колеги за инцидентот”, изјави портпаролот на грчката влада.
Епископите биле киднапирани од милитантите во сириската провинција Алепо доцна ноќта во понеделникот. Притоа, напаѓачите ги застрелале возачот и уште еден ѓакон од архиепископијата во Алепо. Свештениците биле ангажирани во хуманитарна работа во северниот дел на Сирија. Епископот Павле од Алепо, инаку, е брат на патријархот Антиохиски, Иоан.
Во времето кога се случило киднапирањето, шефот на грчката дипломатија Аврамопулос учествуваше на состанокот на Советот на Европа за надворешни работи, кој го укина ембаргото за купување нафта од Сирија, односно донесе одлука нафтата да се купува од сириската вооружена опозиција со образложение дека така ќе ја „поддржи опозицијата и цивилното население”.
Макфакс
Грција ги презема сите мерки за ослободување на двајцата епископи грабнати во Сирија, челникот на локалната епархија н

Пронајдете не на следниве мрежи: