Српската православна црква се противи на договорот од Брисел

Синодот на Српската православна црква (СПЦ) оцени во понеделникот дека со парафирањето на договорот со Приштина минатата седмица во Брисел, Белград „директно и молчешкум, но сепак фактички“ признава дека на Косово постои државна власт независна од државното устројство на Србија, а дека за евентуалното влегување во Европската унија конечната цена ќе биде Србија и формално да ја признае независноста на Косово.„Нема никакви сомневања во тоа дека, по плаќањето на ваков високата цена за фамозниот ’датум за почеток на преговорите’ (за членство во Европската унија -з.р.) и тоа преговори со непознат број нови услови и со неизвесен исход, цената за евентуалното влегување во ЕУ ќе биде и формалното признавање на ’независноста на Косово’ од страна на Србија и нејзината обврска да не го попречува добивањето на столче на ’Косово’ во Обединетите нации“, истакнува синот на СПЦ во соопштението објавено на официјалната интернет страница.СПЦ оценува дека претставува „еуфемизам“ наведувањето дека парафираниот текст од договорот „за принципите за нормализација на односите“ меѓу „Белград и Приштина“ наместо „Србија и Косово“.Синодот на Српската православна црква, исто така, нагласува дека „неподелен впечаток е дека станува збор за целосно повлекување на институционалното присуство на Србија на територијата на нејзината јужна покраина“,  а со самото тоа и „за директно и премолчено, но сепак фактично признавање на постоењето на систем на државна власт на Косово, независен од постојниот на државното устројство на Србија“.Во врвот на влијателната во српското општество православна црква сметаат дека сé е отежнато со согласноста на непречениот процес на евроинтеграциите на „тачиевското“ Косово, и оценуваат дека на дело е „попрво чисто предавство отколку макар каква и да е продажба на нашиот сопствен вековен и, во духовна и во историска смисла, најважна територија“.„Нам ни изгледа дека, во однос на ваквиот договор, и поделбата на територии би била подобра, поправедна и поодржливо решение“, се наведува во соопштението потпишано од српскиот патријарх Иринеј.Синодот на СПЦ ги повика пратениците во српскиот парламент и српскиот претседател Томислав Николич да ја одмерат своето морална и историска одговорност при одлучувањето за давање или ускратување на согласноста на Србија со овој договор. Исто така,Синодот на СПЦ, го повика српскиот народ, без оглед на тоа каква да биде одлуката на државните институции, Косово засекогаш мора да ја смета за своја земја, не спорејќи го фактот дека тоа е и земја на оние Албанци кои во неа со векови живееле заедно со Србите.
МакфаксСинодот на Српската православна црква (СПЦ) оцени во понеделникот дека со парафирањето на договорот со Приштина мината

Пронајдете не на следниве мрежи: