Трпески: Со регистрите на адреси и население, попис ќе се прави и без одење на самото место

Повеќе од 100.000 документи на својата електронска пошта добиле граѓаните и компаниите од почетокот на годината до сега. Оттогаш функционира дистрибутивниот систем на Агенцијата за катастар за недвижности.Во интервју за Телеграф.мк директорот на Агенцијата, Славче Трпески вели дека со активностите кои ги превзема, институцијата се приближува до граѓаните, а Катастарот е една од најреформираните државни институции во земјата. Со последните законски измени околу 5.000 граѓани и компании ќе добијат бесплатен геодетски елаборат, соодветно после и имотен лист.
Трпески објасни дека Катастарот до 1988 година воопшто не запишувал објекти, водел евиденција само за земјиштето. Тогаш е донесен Закон со кој освен земјиштето треба да се запишуваат и објектите, по што почнат е процес на премер на цела територија на поранешна Југославија. Катастарот од 1989 до 2005 година премерил 46 проценти од територијата на Македонија. Во 2005 година се видело дека многу бавно оди оваа постапка, па со кредит од Светска банка целиот процес се реформира, а запишувањето на објектите се омасовува.
– Од 1988 до 2012 година 600.000 луѓе добиле имотен лист. Но имало луѓе кои не биле во Македонија, можеби биле иселени во тој период, не биле во градот кога биле огласите. Анализите кои ги направивме покажуваат дека 5.000 граѓани имаат документација, но не добиле имотен лист. Тие и досега можеле да го извадат ама требало да ангажираат приватен геодет и за сто квадрати на пример требало да платат 100 евра. Пет илјади граѓани по 100 евра е 500.000 евра заштеда. Затоа ова е убава можност за тие кои имаат градежно техничка документација да добијат бесплатен елаборат. Ги изедначуваме граѓаните кои тогаш не можеле и еве уште една шанса да го запишат имотот и да добијат имотен лист – вели директорот на Катастарот.Во интервју за Телеграф.мк директорот на Агенцијата, Славче Трпески вели дека со активностите кои ги превзема, институцијата се приближув

Пронајдете не на следниве мрежи: