Како навистина функционира специјалното јавно обвинителство!

 Отворено и директно заплашување на секој сведок, принуда, заплашување и уцена се само  дел од методите  со кои  се служи СЈО во  извршувањето на работата.1.Отворено и директно заплашување на секој сведок кој го канат на разговор. ,,знаеме се, од тебе зависи дали ќе останеш само сведок (заштитен сведок) или обвинет. Имаш фамилија, деца…, размисли…, те чека затвор преку 5 години ако не соработуваш,, се најчестите реченици како вовед во „испрашувањето“, кое многу потсеќа на некои други времиња и служби. Впрочем недостасува уште електрична ламба за вперување во лицето на лицето кое се испрашува. Притоа често ја користат истата финта кај сите, кажувајки им дека другите сведоци веќе тајно се согласиле за соработка, дале добра изјава, потпишале и тие ќе се извлечат, а тој/таа ќе заглави.
СЈО тргнуваат од замислена нивна фикција дека некој направил некаков криминал, а во исто време забораваат на уставната категорија на презумцијата на невиност и најчесто таа фикција е идентична со тврдењата на Заев на неговите прес конференции кога ги објавуваше бомбите и подоцна најавувајќи ги активностите на СЈО притоа однапред знаејќи го крајниот исход. Потоа, почнуваат притисок кон сите соработници на таргетот, партнери или на било кој начин лица кои биле околу него, да го потврдат она кое тие го наумиле. Всушност, во недостаток на цврсти материјални докази тоа се остварува преку закана и втерување страв со крајна цел да принудат некој да се согласи лажно да сведочи против оној кој е крајната политичка цел на СЈО. Доколку сведокот од прв пат не прифати да го потпише тоа што тие ќе бараат од него, најчесто излегува преплашен, на излегување му кажуваат дека тој не им е целта туку го посочуваат лицето кое им е цел, и уште еднаш го предупредуваат дека може многу лесно да се извлече доколку даде изјава која му ја наметнуваат тие и го потпише тоа што од него го бараат.Најчесто оставаат неколку дена до следното повикување на сослушување и уште посилната и подиректна закана. Сето ова, за луѓе кои во минатото немале работа со обвинители, полиција, судии и слично е крајно шокантно, и истите стануваат крајно вознемирени, преплашени, дезориентирани.И покрај тоа, најголем дел успеваат да го издржат притисокот, а поретко поткленуваат, неможејќи да го издржат психолошкиот притисок или физички-здравствено паѓајќи принудно стануваат соработници преку невистинито сведочење, само од страв тие да не станат жртвата и обидувајќи се да си ги „скратат“ психолошките тортури во надеж дека ќе бидат оставени „нормално“ да живеат.
2. Откако со принуда, заплашување или уцена ќе обезбедат еден или двајца вакви сведоци, следува прес конференција, на која се трудат да ја убедат јавноста дека имаат цврсти докази за незаконитост или криминал. На прес конференцијата е присутна тетралност, демонстрација на ефтини актерски способности и предизвикување драматичност, а се со цел да се анимираат широките народни маси. Ова се нарекува популизам на СЈО во политички цели, а не предкривична истрага. Вокабуларот на прес конференциите е крајно партиски, едностран, а жртвите се исклучиво од партијата на власт или нивни соработници во институциите, впрочем не видовме ниту една прес конференција која се однесуваше на случајот Пуч кој патем го одложуваа од крајно тривијалнио причини. Вообичаено највисокиот во хиреархија, најчесто познат политичар од партијата на власт им е главната цел, а сите други ги обвинуваат како соработници и сето тоа без докази со цел да ги условат и принудат подоцна да им станат соработници против главната цел, повторно заканувајќи се сега на друг отворен но многу перфиден начин.Прес конференцијата или ефтината драмска изведба има за цел да се изврши влијание и врз судиите, и не случајно на овие прес конференции седат и повеќе амбасадори кои со своето присуство испраќаат сигнал до судиите дека стојат зад СЈО и неговите намери. Вокабуларот на прес конференциите продолжува со жестина како осомничените да се осудени до последна судска инстанца, притоа покажувајќи омраза кон истите преку фацијални експресии и говор на телото. СЈО ја заборави пресумцијата на невиност, а ја воведе тетралноста и говорот на омраза дури и преку фацијални експресии и говор на телото. Притоа се трудат да бидат максимално самоуверени за јавноста да им поверува. За сето тоа имаат поминато тренинзи се разбира од искусни меѓународни експерти.
3.Следната постапка на СЈО е потпишување наредба за истрага и најчесто барање притвор и претрес. Во таква ситуација жртвата се повикува во суд на една формална 5 -10 минутна расправа пред судијата и обвинителот, за која најчесто оној против кого се отвора истрага, е принуден да седи во чекалната цел ден, а ако се повеќемина и плус цела ноќ на пример 15-16 часа, а доколку жртвата не е во Македонија или не и биде доставена уредна покана, тогаш ооваа ситуација се користи за обид за приведување и дополнително сензационалистичко подигање на тензиите. За време на тие првични 10 тина минути обвинителот најчесто многу дрско и арогантно тврди дека е неопходен притвор за лицето да не избега, да не влијае на сведоците или да не го повтори делото. Најчесто наведуваат лажни и непостоечки причини за да го издејствуваат тоа. На пример, дека имаат сознанија дека лицето има бугарски пасош па може да избега, или дека имаат сознанија дека веќе се обидел да влијае на сведоците, за што вообичаено лажат, како и други слични работи. За жал од доставените материјали судијата нема можност да ја провери вистинитоста на оваа тврдење на СЈО, пред се затоа што веднаш или во рок од еден час треба да донесе одлука. При тоа, не ретко низ судот се шетаат преставници на една или две странски амбасади укажувајки дека се дојдени да видат дали се е во ред и дали некој врши влијание на судијата, а всушност со нивното присуство, имајќи ја предвид силата и меѓународната позиција на земјата која ја преставуваат, самиот тој сака да извршат влијание. За ова зборуваше и претседателот Иванов во своето обраќање до нацијата.Неретко, откако ќе заврши краткиот распит, СЈО влегува сам во собата на судијата и долго го убедува со сите можни средства дека е многу важно да даде притвор. Дека сето ова го следи меѓународната заедница и дека ќе бидат разочарани од судијата доколку не даде притвор. Дека ќе го сметаат за соработник на “режимот”, нема никогаш да го праќаат на оние бесплатни патувања за обуки во странство и дека на некој начин ќе си ги навлече на врат нив, а тоа ќе влијае врз неговата кариера, а можеби и семејство. Важно е да се напомене дека во тој момент истражниот дежурен судија нема целосен увид во поднесените докази, ниту доволно време да ги проучи, а во исто време треба да донесе одлука за притвор врз основ на лична перцепција и проценка во целата оваа исконструирана атмосфера на притисок. Во овој контекст никој не се прашува за правото, човековите права, влијанието врз животите и здравјето на луѓето кои се осомничени вклучително и на судиите. Само накусо да се потсетиме на колабирањата на судиите и медицинските интервенции. Толку и за хуманоста на СЈО.
Неретко во оваа наметната состојба за да се заштити од притисоците на СЈО судијата станува груб и арогантен кон одбраната, адвокатите и жртвата, воедно сакајќи да изрази наклоност кон СЈО, за која се надева дека ќе биде пренесена таму каде треба.
На крајот, оние судии кои се со послаб интегритет, или психолошки помалку стабилни и отпорни на притисоци, или сакаат да покажат сплотеност кaј набљудувачите кои шетаат низ судот одредуваат мерка притвор. Ниту виделе и прочитале докази, кои најчесто намерно се носат на огромен број страници кои се во основа несуштински за да не му падне на ум на судијата да чита и проучува во тој момент, туку само да слуша онаа што селективно сакаат од СЈО да му го соопштат без доказ. Значи што би рекла Катица Јанева во нејзин стил, независно што жртвата 15 часа седи во судските ходници, распитот е многу краток, 10 тина минути, и многу општ, основни работи се прибележуваат, како лични податоци и статус семеен и работен. Останатото се сведува на убедувања, влијанија, изготвување на одлуките и слични технички работи и психолошки активности на обвинителите и нивните поддржувачи.Сепак, голем дел од судиите досега покажаа итегритет, цврстина и не подлегнаа на оваа атмосфера, притисок и влијание. Тоа е за почит. Покажаа самосвесност и проценка дека се свесни за тоа дека се прави прогон кој нема вечно да трае, и еден ден со бистар ум ќе се анализира и дискутира за секој чекор. Притворите и судењата ќе поминат, ќе дојде време за сумирање кој направил исправни, законски и совесни чекори, а кој не. На крајот на краиштата има и судии на кои сите овие работи, наместо да ги исплашат и присилат на непринципиелна и противзаконита соработка им создаваат револт и со индигнација одбиваат да станат дел од оваа валкана игра.
Информациите говорат дека по добиениот прв притвор СЈО се собрале на прослава, и имало многу многу пиење. Шишиња и шишиња алкохол се испиле од радост дека успеале во конструкцијата. Многу често, СЈО по изречениот притвор, а пред да се однесе жртвата во притворот, се приближува и насамо му вели нешто од типот: оди сега таму каде ќе одиш, па ќе контактираме на некој начин, за да ми кажеш се што треба и се што знаеш. Тоа е најава за жртвата во притворот да размислува и да ,,се скрши,, да стане соработник кој ќе намести некој друг, за него да го пуштат.
4. Некои од судиите се повикувани во една или неколку амбасади на укор и превоспитување, кое дипломатски се нарекува охрабрување, да бидат повеќе сервили кон СЈО. Дел од нив пресреќни што воопшто влегле во амбасадата се менуваат како личности и стануваат сервилни, но голем дел го задржуваат достоинството, затоа што повеќе си ја сакаат својата земја и нејзиното добро, ..отколу добродојденоста или милосрдието на некој дипломат кој денес е тука, а по година две ќе замине и никогаш повеќе нема да се врати.
5. Претресите на СЈО им се клише. Еве зошто. Иако во најголем број случаи немаат никаква логика (на пример некој е осомничен за изборна нерегуларност пред три години, што ли би криел дома), сепак се бараат претреси на неговиот стан и други негови и на негови блиски простории со следните цели:-да се влее страв кај него, кај сите сведоци и осомничени кој би водел кон непринципиелна изнудена соработка за лажно кодошење и местење на главната зртва;-да се најде случајно нешто незаконско или лично компромитирачко кон жртвата, па да се користи за негова уцена. Од типот пиштол без дозвола, или некој финансиски документ, или некои белешки во тевтери или пак некои приватни работи кои потоа можат да се злоупотребат за уцена во правец претресуваните да им станат соработници против главната цел. Се разбира со лажен исказ, онаков каков СЈО посакува. Во духот на онаа легендарна реплика од срекјна нова 49та: „извини Пиги, морално беше“.-доколку пак неприфати да стане соработник да го обвинуваат и него, за пример за другите.-и на крајот со самиот претрес да се дополни јавната осуда кај соседите и целата јавност дека жртвата е виновна и веже осудена.
Отприлика вака работи македонското СЈО. Како во старите времиња на УДБА од 1949 година и полошо од тоа. Ова се методите на ,,големите професионалци на Катица,,. Во сето ова нема ништо професионално. Се е обратно од тоа. Се е недозволиво. И тие тоа го знаат. Но, ги мотивираат три фактора:1.политичката омрза кон ВМРО-ДПМНЕ и неговите експоненти, и силната наклонетост кон СДСМ;2.чадорот и неговото охрабрување и ветување дека тие се базата на идното ново јавно обвинителство во Македонија;3.и замислете, верувале или не месечните примања на секој обвинител во СЈО кој според неофицијалните информации се движат и достигнуваат неверојатни суми несвојствени за просекот на работата што ја вршат. Доколку не примаат толкави вкупни износи, нека демантираат јавно, односно нека ги обелоденат своите приходи.Енормно високи суми земаат и истражителите, и другите вработени во СЈО, вклучително и експертските соработници кои имаат и медиумска улога. Така се купуваат обвинителите да работат на ваков начин. Од буџетски народни пари особено успешно и добро се плаќаат и нивните јавни стручни подржувачи, чија задача многу малку е да стручно им помагаат, а многу повеќе да настапуваат секоја вечер во разни информативни и дебатни емисии и да ги бранат пред јавноста нивните постапки, да шират лажна пропаганда во корист на СЈО, а против жртвите кои се малтретираат, а тоа го прават како што реков за добри пари и неуморно. Адвокати, професори, академици, поранешни судии и обвинители се наоѓаат на нивниот платен список за пропаганда.
Ете затоа, во наредните недели и месеци, овие луѓе ќе направат се што е во нивна моќ, да обвинат и на тој начин во јавноста денунцираат и практично заглават што повеќе луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и нивни соработници и поддржувачи. Тоа е СЈО во Македонија. Тоа е ова т.н. независно тело под странска поддршка што сака да донесе нивна дефиниција на демократија. Овие луѓе денес се правдата. Тие и обвинуваат и судат. Но, Македонија ќе се справи и со нив, колку и во моментот да се чуствуваат силни, недопирливи и самоуверени. Македонија е вечна колу и да се обидуваат да го уништат нејзиниот дух и гордост овие продадени сатрапи, наведува во својата колумна Оливер Андоновски1.Отворено и директно заплашување на секој сведок кој го канат на разговор. ,,знаеме се, од тебе зависи дали ќе останеш само сведок (заштитен сведо

Пронајдете не на следниве мрежи: