Билатерални средби на Попоски на министерскиот состанок во Солун

Во рамки на министерскиот состанок што се одржа вечера и денеска во Солун, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски имаше билатерални средби со неговите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Албанија, Никос Коѕијас, Даниел Митов и Албанија Дитмир Бушати.На средбата со Коѕијас, како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата министри ја истакнале волјата за продолжување на соработката поврзана со бегалско-мигрантската криза, како и за сите останати области од взаемен интерес, особено во доменот на граничната контрола и превенцијата на пограничните инциденти.
– Се разговараше и за темите за средбата на работните групи на двете министерства за надворешни работи за мерките за градење доверба која е предвидено да се одржи следната недела во Скопје. Посебен акцент во овој домен беше посветен на соработката во културата и образованието, при што, меѓу другото, се најави склучување на договор за соработка помеѓу Атинскиот и Охридскиот Универзитет, се вели во соопштението од МНР.
На средбата со Митов, пак, двајцата министри разговарале за справувањето со бегалско-мигрантската криза. Била истакната поддршката на Бугарија за евроинтегративниот процес на Македонија, а биле изразени и очекувања за што поскорешно усогласување на текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Во рамки на состанокот Попоски се сретнал и со министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.На средбата со Коѕијас, како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата министри ја истакнале волјата за продолжување на соработката

Пронајдете не на следниве мрежи: